Достапни линкови

Европа очекува успешни претседателски избори


Начинот на кој Македонија ќе го спроведе овој како и предстојните изброни циклуси е еден од критериумите што ќе го дефинираат одговорот на Брисел на неодмана поднесената апликација за членство во Европската Унија. Оваа порака им е испратена на сите учесници во политичкиот живот на Македонија од страна на меѓународната зедница:

„Очекуваме успешни претседателски избори. Тоа ќе биде уште еден пример на европската демократија. Ние сакаме Македонија да гласа и да избере нов претседател без оглед кој тој ќе биде за да продолжи да ја води Македонија кон НАТО и Европската Унија,“

изјави министерот за европски прашања во британскиот Форин Офис Денис Мекшејн по средбите во Скопје со представниците на македонскиот државен и партиски врв. Текот на изборите, нивното успешно спроведување доминирале на средбите на британскиот министер со вицепремиерката Шеќерска, министрите Митрева и Буичковски, лидерот на Демократската Унија за интеграција Али Ахмети и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Според порака на Мекшејн испратена преку медиумите со оглед на обврските на земјава во спроведувањето на рамковниот договор и законите за децентрализација како дел од нив она што не би требало да се случи е оддолговлекување на изборниот процес:

„Мислам дека во европа е многу важно секој граѓанин да гласа. Не е на мене како странски политичар да се мешам во изборниот процес но јас се надевам дека македонија ќе има нормални избори и ќе избере нов председател со што ќе се создадат услови за норално функционирање,“

изјави британскиот министер. Загриженоста на европските земји од можен неуспех на изборниот процес во година на поднесената апликација ја делат и домашните експерти. Особено поради фактот што поради партизацијата на државата во изборниот циклус практично ништо друго и не се случува. А, задачата е јасна и се сведува на зборот реформи. Во сите сегменти. Говорејќи за економските професорот Ванчо Узунов вели:

„Нема веќе простор за чекање, манипулирање и маневрирање, така што подобро да земеме државава што побрзо да завршат избори и да баталиме се друго и само економија, и ако тргне да тргне.“

Изборите ги одолжија роковите и за предвидената децентрализација . Публицистот Исо Руси коментира:

„Практично една цела година ќе се занимаваме со избори, или сето тоа ќе ги остави на страна суштествените работи со кои треба да се занимава и владата и парламентот.“

Во меѓувреме пораката на Европа што во Скопје ја повтори британскиот министер Мекшејн останува непроменета.

„Македонија е на патот кон Европа, но од неа зависи кога ќе ги исполни условите за членство.“
XS
SM
MD
LG