Достапни линкови

За владата успешно, за стечајците погубно


И додека владата констатира успех во решавањето на 24-те фирми загубари, поранешните вработени во овие компании со констатција, не е успех доколку од 19,000 илјади по наводно успешните решенија работно анагажирани да останат само три ипол илјади работници:

„Воопшто не се води грижа за социјалниот пакет, за згрижување на стечајните работници и со повторно рестартирање на фабриките да се вратат на работа,“

е ставот на Драги Димовски, синдикален лидер на скопски „Хемтекс“ фабрика во која на времето работеа околу 600 вработени. И гостиварска „Силика“ е само една од компаниите којашто ја дели судбината на останатите 24 загубари:

„Само пет чувари се на работа, се распродава буквално се,“

вели Здравко Зафировски синдикален лидер на гостиварска „Силика“ од времето кога во оваа компанија беа работно анагажирани 2,000 работници. Од 24 те фирми досега единствено успешно е рестартиран штипски „Астибо“, каде на работа се вратени 1,500 вработени. Останатите се заглавени во судските лавиринти. Не помала одговорност од судиите сносат и стечајните управници тврди Зафировски:

„Стечајните управници испаднаа корумпирани до крај, само џабе тоа и да го зборуваш и да не го зборуваш.“

Во моментов под заводот за вработување се наоѓаат 16 илјади работници кои останаа без работа од фирмите загубари. Тие сега преживуваат:

„За да преживееме сите работиме по нешо на црно, кој копа, кој ора, кој малтерисува.“

Од сите овие компании сега засега најдобро поминуваат рударите од рудниците за олово-цинкова руда, кои очекуваат до крајот на месецот по пропаѓањето на првиот и распишувањето на вторито тендер да добијат и нов газда:

Во ваква консталација на односи работниците кои станаа без работа сега веќе не се ни во состојба да го изразат својот револт, односно помина времето кога истите тие луѓе беа во можност да ја блокираат целата држава со единствена цел да укажат на проблемите со кои се соочуват.

„Сила немаме. И за да излезе нешто масовно, луѓето работат по нешто за леб и се снаоѓаат и немаат верба.“

Со продажбата на 24-те фирми загубари досега во државната каса се инкасирани 10 милиони евра, а за покривање на социјалните пакети за вработените се потрошени над 130 милиони евра.
XS
SM
MD
LG