Достапни линкови

Ништо од економскиот бум годинава


Во 2004 година Македонија организира претседателски избори, каков и да биде исходот ќе има избор и на нов премиер, значи ќе има и составување на нова влада, ќе дојде септевмри-октомври, ќе треба да се организираат и локални избори, а беше највен и економски бум:

„Кога ќе види човек, има многу причини, особено во земја како што е Македонија, кога ќе се погоди ваква година, да има два типа избори, не може да биде година на економски бум, очигледно. Е сега, ова е втора година од владеењето на оваа влада, ако оваа година не биде година на економско заживување, останува уште нешто малку да се надеваме догодина, колку ќе може да се направи, бидејќи потоа пак доаѓа изборна година. Очигледно, тоа е тој лавиринт на демократијата, и додека ние не научиме дека работите треба да си течат,“

е ставот на професорот од правниот факултет Ванчо Узунов. И додека владата неработи во полн капацитет, а за собранието и пратениците поинтересени се изборните активности, законите чекаат подобри денови. Но, не само законите и бизнимсените чекаат, незнааат што ги очекува, што пак во ваква консталација на односите е исклучително битно за влечењето на потезите да се инвестира или не, каде и колку:

„Бизнисмените чекаат, може да се надеваат на нешто. Сакаат да видат кој ќе биде, па како после ќе се среди ситуацијата, нема ли да има некои нереди? Со еден збор, очигледно за вакви економии како Македонија тоа оди тешко, ама нема друго чаре. Подобро е отколку да имаш лоша влада и да не можеш да ја смениш.“

А македонската економија е веќе истоштена. Резервите се исцрпени веќе одамна, мора да се најде некој начин сето ова да се забрза или во најмала рака да не влијае во толкава мера врз економските текови во државата:

„Објективно гледано, економската ситуација не е добра. Мене повеќе ме загрижува тоа што нема услови, ниту знаци дека нешто ќе заживее брзо, годинава. А, толку години веќе полека се топи тоа што било порано создадено и се создава толку малку нова вредност, така што нема простор веќе ниту за чекање, ниту за маневрирање, ниту за манипулирање. Така што, подобро кога ќе завршат овие избори да баталиме се друго и да се концентрираме на економијата,“

е советот кој стигнува од професорот од правниот факултет Ванчо Узунов.
XS
SM
MD
LG