Достапни линкови

Пукањата во Тетово и Чаир не биле поголем проблем


За време на вчерашното гласање не беа регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. Мирјана Контевска од ова министерството информира дека по затворањето на избирачките места имало неколку неколку случаи при што е пукано од огнено оружје. Станува збор за инциденти пред кафеаната „Дора“ во Тетово, на тетовскиот плоштад, како и во скопската населба Чаир на улицата Џон Кенеди. Во сите случаи како што вели Контевска нема повредени лица и оти се преземени мерки. За тоа што преземаше министерството во текот на вчерашниот ден и зошто не беа спречени вакви случувања Контевска изјави:

„Сите механизми коишто ни беа на располагање беа ставени во функција. Во смисла на нашата поставеност и комплетно покривање. Исто така и во смисла на покривање во центарот на самата насобрана маса. Меѓутоа, во тој момент под образложение дека се прославува, мислам дека секоја било каква драстична интеревенција, ќе предизвикаше поголем инцидент и можеби и жртви. Битно е дека сите граѓани беа свесни за она што се случува, немаше подлегнување на провокации и се се заврши во добра мерка во рамки на тоа што ни се случуваше.“

Луѓето пак кои беа вклучени во минатогодишната акција за собирање на нелегалното оружје посочуваат оти овие настани се должат на големиот дел на оружје кој остана кај граѓаните. Тие истакнуваат дека проценките говорат оти кај граганите има околу 100 илјади парчиња нелегално оружје, а беа собрани само околу 8 илјади.

Криминологот Љупчо Арнаудовски смета дека овие случувања не може да имаат некое влијание на безбедносната состојба. Тој вели дека станува збор само за политика, односно како што посочува еден вид пресметка мегу партиите:

„Кој победи, победи. Зошто се караат? Зошто се обвинуваат, тоа се апсолутно политички моменти.“

На прашањето дали МВР требаше да реагира за да се спречат овие случувања Арнаудовски вели:

„Не, немаше ништо опасно. Зошто?“
XS
SM
MD
LG