Достапни линкови

Намалено интересирање од странските новинари


Првиот круг на претседателски избори, предизвика интерес за следење на изборниот процес, за тоа говори и бројката на странски медиумски екипи кои се во земјава. Во Македонија се присутни околу триесеттина странски екипи. За новинарката Маринела Величкова Мирчева од бугарското Дарик Радио интересот за овие избори е голем, бидејки Бугарија е земја сосед на Македонија:

„Се разбира со интерес гледаат бугарските медиуми кон претседателските избори во Македонија. Станува збор за една соседна држава со која имаме и заеднички интереси. Ние сме соседни држави кои треба да соработуваат и да имаат пријателски односи и во иднина. Поради тоа што се гласа за прв човек на вашата земја, кој ја претставува државата во мегународната заедница и има контакти со државите, ќе бидеме во земјава и во случај на втор изборен круг.“

Хуан Карлос Барена од шпанската агенција ЕФЕ пак вели:

„Дојдов тука за да ги покривам претседателските избори во Македонија, затоа што смртта на Трајковски претставуваше драма за Македонците. Но, и еден шок за Европејците затоа што тие во Трајковски гледаа една многу важна личност која сакаше да ја види Македонија во НАТО и Европската унија и поради тоа кај нас има голем интерес да дознаеме кој ке биде идниот претседател.“

За разлика од претходните парламентарни избори кои се одржаа во 2002 година и кои ги следеа повеќе странски екипи, односно околу шеесетина, за овие интересот е намален. Во контекст на ова директорот на агенцијата за информации Веле Митаноски изјави:

„За светското јавно мислење, овде како и да нема настан, сфатено од онаа негативна страна на медиумското провоцирање. Затоа, овие избори ги следат двојно помалку ТВ и други екипи, за разлика од претходните парламентарни или претседателските избори пред пет години. Сепак, имам претчуство дека за две недели ќе има далеку повеќе екипи. Едноставно, затоа што ќе се случи избор на претседател, и медиумите ќе сакаат да го одбележат тоа.“

Здружението на новинарите на Македонија пак со логистичка поддршка на новинарите што ги следат изборите. За оваа цел се отворени повеке канцеларии и тоа во Тетово, Охрид, Битола, Струмица, Штип и Куманово, и Скопје. Притоа секој новинар може да ја користи техниката во просториите на регионалните центри и да пријавува какви било неправилности во врска со одвивањето на изборниот процес. За потребите на новинарите Здружението има обезбедно двајца адвокати кои ќе можат да даваат правна заштита доколку за тоа се укаже потреба.
XS
SM
MD
LG