Достапни линкови

Блокирани приодите кон фирмата


Дел од поранешните вработени на „Југохром“ и покрај договорот со новиот газда веќе една година не се вратени на своите работни места. Токму поради тоа денеска во утринските часови тие ги блокираа приодите кон оваа компанија, поточно блокирани се патните правци Пршево - Јегуновце и Шемшево - Јегуновце.

За почеток, сообраќајот по овие патни правце единствено нема да биде дозволен за автобусите со вработените на „Југохром“ и стоката и материјалите кој влегуваат и излегуваат од оваа компанија:

„Помина една година, да се вработат 1,000 луѓе во Југохром.“

вели претседателот на штрајкувачкиот одбор Илија Трпчевски. Досега во „Југохром“ работно се ангажирани 870 лица. Остататите кои се од различна националност и вероисповед се борат со својата судбина, преживуваат и револтирано раскажуваат.

„Сите сме работеле над 30 години стаж, а сме останале без работа, немаме ништо.“

Се додека владата не и обезбеди бесцаринска зона на „Југохром“, не е возможно исполнување на обврската, да бидат вработени 1000 лица е ставот на сопствениците на оваа компанија . Но, и синдикалниот лидер на „Југохром“ во времето на продажбата на компанијата Стојче Крстевски тврди, никаде во договорот овие две работи не се условени, а во договорот обврската е јасно прецизирана:

„Во купопродажниот договор склучен со француската фирма, до 30.3 требаше да се примат вработените.“

Во моментов „Југохром“ е комапнија која работи со полн капацитет, а вработените кои веќе се работно ангажирани лекарите во голем процент ги испраќаат на боледување. Причината е, здравјето им се нарушува од претерано зголемениот интензитет на работа.

Ова се втори протести на поранешните вработени на „Југохром“ кои останаа работно неангажирани . На првите менаџментот на „Југохром“ им вети дека сите според договорот ќе бидат вработени. Тоа не се случи. Во меѓувреме прите луѓе на компанијата одбиваат секава средба со овие луѓе:

„Договорено е да седиме нон – стоп на асфалтот, бидејќи никој од бордот на директори не сака да разговара, ние ќе седиме тука.“

Инаку „Југохром“ на францускиот сопственик е продаден за 500 илјади американски долари , од кој досега е платена единствено само првата рата од 100 илјади долари.
XS
SM
MD
LG