Достапни линкови

Предизборен молк


Со завршни митинзи, средби и ТВ дуел, претседателските кандидати ја завршуваат изборната кампања, пред стапувањето во сила на предизборниот молк, вечерва на полноќ. Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ и Гзим Острени од ДУИ, кампањата ја завршуваат во Скопје, додека Бранко Црвенковски од СДСМ во Штип. Претседателскиот кандидат на ДПА Зуди Џелили, завршниот митинг го одржа во Тетово.

Вообичаено, ден пред изборите глааат војниците, затворениците и внатрешно раселените лица:

„Гласањето за категоријата војници, на пример, ќе се одвива на поспецифичен начин, затоа што броењето на гласовите нема да се одвива ден порано, значи на 13-ти, за овие посебни категории лица ќе се изврши гласањето ден порано, од седум до седум, меѓутоа броењето нема да се изврши тука, од посебен избирачки одбор, туку во пликоа, секој глас ќе се запечати и ќе се однесе во најблиската општинска комисија, значи не од каде што потекнуваат војниците, затворениците, туку најблиската. Сакаме да избегнеме долги патувања. Но, таа општинска комисија ќе брои дури по завршувањето на редовните избори на 14-ти по 19 часот,“

изјави претседателот на ДИК Стево Пендаровски.

Претстојните претседателски избори во земјава, за разлика од претходните парламентарни, ќе ги набљудуваат значително помал број странски набљудувачи, инофрмираат од ДИК:

„Домашните се многу повеќе. Она што јас, на пример, го видов во делот на ОБСЕ е три пати помалку од 2002 година, и овој пат е најмногу од странанските набљудувачи. Во 2002 имаше 750, сега се 280. Домашни се 4,015, а странски 346.“

Доколку набљудувачите забележат неправилности при гласањето, според претседателот на ДИК Пендаровски треба да јават

„На гласачкото место, на избирачкиот одбор ќе му го пријавите тоа, и не е лошо и нас да не информирате во ДИК не би било лошо. Ако сакате да им кажете и на новинарите не ве попречувам, ама првите два се задолжителни, бидејќи ни користат.“

Значително помал е и интересот на странските медиуми кои побарале да се акредитираат за следење на претседателските избори во Македонија:

„Во моментов до ДИК од странски новинари имаат побарано пет од новински агенции, четири од телевизии и тројца од радио станици,“

изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски.
XS
SM
MD
LG