Достапни линкови

Македонските јагниња останаа на пасиштата


2004 ќе биде одбележана како најлоша година во последните десет години кога се работи за извозот на јагнешкото месо на странските пазари е констацијата на извозниците.

За два дена покрај православниот, е и католички великден, празник поради кој нашиот верен клиент Италија барем досега го вршеше и најголемиот увоз на јагнешко месо од Македонија. Но, само пред три дена кланиците не работеа бидејќи производителите чекаа цената дополнително да скокне. Сега возот помина вели Мирко Лекоски, сопственик на фирмата „Копекс“:

„Три - четири дена кланиците стоеја празни. Купувачите бараа јагне, јагне немаше. Според тоа, некој ќе го плати цехот, како и секоја година, но годинава веројатно најмногу.“

И сега се случи, се постигна висока откупна, а ниска извозна цена, но јагнињата ни останаа на пасиштата. „Кајмакот“ од ваквата погрешна политика го собраа другите земји извознички на јагнешко месо. Годинава Италија узвезе најголеми количини на јагнешко месо од Шпанија вели Ристо Михајлов, сопственик на фирмата „Серта компани“.

„По инцидентот што се случи во Шпанија, цените таму многу паднаа.“

Според извозниците проблемот е во кампањата која ја направија одредени организации убедувајќи ги производителите дека имаат квалитетен производ, за кој треба да бараат повисока цена, притоа заборавајЌи да им напоменат дека Македонија не е единствениот производител на јагнешко месо во Европа.

„Вчера бев во кланица во Битола, полно доаѓаат производители, ама каде се досега. Ние кога баравме јагниња, нив ги немаше никаде.“

Еден месец пред да запо6не откупот производителите ги убедуваа дека олимпијадата е на прагот и од Грција ќе дојдат откупувачи кои ќе понудат многу високи цени за откуп на јагнешкото месо.

„ОИ во Грција е во август. Ќе ги смрзнуваат, смрзнато јагне е половина цена.“

Јагнињата кој останаа и понатаму да се шетаат низ македонските пасишта, производителите ќе мора во идниот период да ги продаваме по дупло пониски цени

„Јагнето пораснува и веќе влегува во втора или трета класа, а такво на италјанскиот пазар не одговара.“

Оваа година цената која ја постогна еден килограм жива мера јагнешко месо изнесува 165 денари, додека во малопродажбата за истата количина купувачот треба да плати 300 денари.
XS
SM
MD
LG