Достапни линкови

Меморијална церемонија за одбележување на десетгодишнината од геноцидот


Африкански и европски лидери денеска во Руанда ке присуствуваат на меморијалната церемонија за одбележување 10 годишнината од најголемиот геноцид во светот по Холокаустот. Во 100 – те дена крвопролевање во граѓанската војна беа убиени, мачени и маскрирани меѓу 500 и 800 илјади луѓе, додека меѓународната заедница стори многу малку за да го запре масакрот.

Хуту и Тутси се двата егзотични збора кои до пред десет години им беа познати на малкумина надвор од централна Африка, но одеднаш влегоа во јазичните лексикони и му станаа познати на светот. Хуту и Тутси се имињата на двата народи, племиња на државата Руанда. Таму во 1994 се појавија убиците со мечови – мачети и 100 дена траеше невиден геноцид во поновата историја по холокаустот. На 6 април таа година авионот на претседателот на Руанда од племето Хуту Жувенал Хабириама беше погоден со две ракети и немаше преживеани. Геноцидот стартуваше ден потоа. Мнозинското племе Хуту ја презеде контролата врз владата и ги обвини тутсите дека стојат зад нападот. Убиците од ова племе ги убиваа и припадниците на сопственото племе кои не сакаа да учествуваат во масакрот.

„Дури и тоа утро по смрта на претседателот мислевме дека нешто ке се случи за да запре убивањето.“

вели Емјакуила Еилбигаиза која тогаш живеела со своето Тутси семејство во Руанда. Нејзиниот татко бил католички свештеник во западнаат провинција Кибуа. Убивањето запре кога армијата на Тутсите во ехзил на лидерот Кагаме победи во војната. Неговиот Патриотски Фронт на Руанда изврши бесна одмазда убивајки десетици илјадници припадници на Хуту племето, а ги бркаше и во соседно Конго каде што беа убиени уште дополнителни 200 илјади луѓе. Сега Кагаме владее автократски во Руанда. Стравувајки дека крвопролевањето може да се повтори тој ја укина графата на која во личните документи ја пишуваше националноста. Сега има само руандци. Кагаме не дозволува ни реална политичка опозиција нити пак слободен печат. Грегори Салтер кој за Економист Интелиџенс ја покрива Руанда од 1992 вели дека владата сега шири верзија во која за несреќата ја обвинува Белгија порашен колонијален владетел на Руанда дека вештачки создала етнички разлики за да владее според моделот раздели па владеј.

„Тие сакаат да ја протуркаат идејата дека Хутите и Тутсите пред да дојдат белгијанците не се разликувале освен по тоа дали некој има или нема крава. За време на владеењето на Белгијанците навистина тие имаа силен расен план. Велеа дека тутсите се супериорни пред хутите. Дефинитивно тие насадија бомба и тоа е неоспорно.“

Луѓето, меѓутоа, не забораваат и не сакаат да го заборават тоа што се случи. Правдата се уште се бара. Меѓународниот Трибунал за Руанда досега осуди само 20 лица. Сега, покрај етничкото наследство постоји и нова дополнителна бомба, продолжува Салтер, укажувајки на владините напори да се спречи слободата на говорот.
XS
SM
MD
LG