Достапни линкови

Македонија ќе поднесе барање за членство во ЦЕФТА


Македонија во текот на овој месец, ке поднесе барање за добивање статус на полноправна членка во Централно европската спогодба за слободна трговија ЦЕФТА. Со потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија, како и пристапувањето во Светската трговска организација, Македонија го доби правото за зачленување во ЦЕФТА, спогодба која, објаснуваат надлежните, претставува „преддворје“ за влез на земјава во Европската Унија:

„Ние веројатно наредната недела или наредните десетина дена и официјлано ќе го предадеме, на земјата претседавач на ЦЕФТА, тоа моментално е Репулбика Бугарија, барањето за пристапување во ЦЕФТА. По процедура, министерскиот совет, на којшто ќе биде разгледно нашето барање ќе се одржи во јуни месец 2004 година, и тогаш ќе биде разгледано нашето барање за пристапување,“

вели Оливера Цветановска државен секретар во Министерството за економија.

Главните мотиви за пристапување во ЦЕФТА, во Министерството за економија го објаснуваат со создавањето на услови за зголемена бесцаринска трговска размена со останатите земји членки, без разлика што државава има потпишано договори за Слободна трговија со поголемиот дел од членките на ЦЕФТА:

„Меѓутоа, придобивките од членувањето во ЦЕФТА ќе бидат, во многу побрзото и поефикасно прилагодување на целокупната регулатива којашто помага, ги олеснува трговските односи, базирани на бесцарниски зафаќања, тоа значи во делот на сите елементи коишто го обезбедуваат слободното движење на стоките. Од друга страна, нивото на соработка, на царинските служби од рамките на ЦЕФТА се подига на повисоко ниво, се во функција на слободното движење на стоките.“

По поднесувањето на барањето, македонските надлежни инситуции велат дека очекуваат рокот за прием на земјава во ЦЕФТА, да трае помалку од една година, според стандардната процедура:

„Цениме дека тоа како процес ќе може, со напори, да се оствари со побрза динамика и до крајот на годината би требало и официјално, со завршување на овој процес да станеме челнови на ЦЕФТА.“

Инаку, членки на Централно европската спогодба за слободна трговија, се Чешка, Унгарија, Полска, Словачка, Словенија, Романија, Бугарија и Хрватска, а моментален претседавач е Бугарија.
XS
SM
MD
LG