Достапни линкови

Барање за поништување на приватизацијата


„Тука седиме, тука спиеме, на маси спиеме, штрајкуваме, да видиме дали ќе се огласи некој. Има силно обезбедување што ни вршат притисок, ама нека не тепаат, нека не убијат, не излегуваме од тука,“

е ставот на Станка Јовановска една од вработените во национаната платежна картичка кој во просториите на ова акционерско друштво штрајкуваат со глад веќе трет ден.

Тие тврдат новите соптвеници нелегално ја превземаа националната платежна картичка па оттаму немаат никакво законско право нас сите 50 вработени од заводот за платен промет да не прогласуваат за технолошки вишок е ставот на Цветанка Самарчиева претседател на штрајкувачкиот одбор:

„Бараме од државата, од власта, да не прераспореди, да имаме сеуште статус на државни службеници, како што имавме, до пред да не продадат.“

Во прилог на овие вработени одат и сознанијата на антикорупциската комисија и државниот завод за ревизија според кој приватизација на националната платежна картичка е нелегално спроведена:

„Антикорупциска комисија, државен завод за ревизија даде конечен извештај што ни оди во прилог, ние што зборуваме од почеток е навистина така и ние се буниме затоа што не сакаме да ги изгубиме работните места.“

За новите сопственици на националната платежна картика ситуацијата е чиста. За капиталот на НПК што се приватизираше во времето на претходната влада како единствено заинтересирани ги понудија потребните средства со што го добија и доминантниот пакет на акции, па оттаму правото кој и како ќе работи во национаната платежна картичка според нив го имаат единствено тие.
Штрајкувачите велат, не револтира и индолентниот однос на власта кон нашето прашање:

„Од ниту една институција не се огласија. Ниту од Министерството за финансии, ниту од владата, сите се известени со писма.“

По тридневно одбивање да контактирааат со штрајкувачите сопствениците на НПК им се обратија со соопштение во кое им порачуваат:

„Согласно известувњата и барањата на НПК, ве молиме да ги напуштите просториите, доброволно, без инциденти и последици по безбедноста на имотот на НПК. Доколку не го исполните ова наше барање, ќе мора во согласност со законските прописи да примениме и други ригорозни мерки.“

Во меѓувреме здраствената ситуацијата на штрајкувачите во националната платежна картичка се влошува:

„Имаме доста срцеви болни, бубрежен болен, синоќа на една колешка и се слоши, повикавме брза помош.“

Доколку се остане статус кво според одлуката на управниот одбор на националната платежна картичка од денеска 50 те вработени од ова акционерско друштво остануваат на улица.
XS
SM
MD
LG