Достапни линкови

Стапува во сила Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ


Македонија мора брзо да го исполни минимумот од обврските кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Европската Унија и Република Македонија, а релативно брзата ратификација на договорот од земјите членики на Унијата е добар сигнал за нашата земја на патот кон полноправно членство во Унијата, сметаат експертите коментирајќи го стапувањето на сила на договорот за асоцијација и стабилизација

„Илузорно е 13 години по независноста да бидеме среќни што бидеме среќни што имаме спогодба за Асоцијација. Но, треба да ги цениме позитивните сигнали од друга страна. Спогодбата беше ратификувана релативно бргу. Побрзо од многу други земји од централна и источна Европа. Политички деликатната, грчката, помина релативно безболно, така што фактот на брзината на ратификацијата и стапувањето во сила е добар сигнал за Македонија на патот за полноправното членство. Останува, Македонија веднаш или што побрзо да ги исполни минимумот обврски во спогодбата, за да може да аспирира на полноправно членство,“

изјави профеорот од правниот факултет Добринка Тасковска која посочи дека Македонија пред се треба да ги исполни условите кои прозлегуваат на економски план:

„Пред се во сферата на пазарот, на економијата, отворањето на сопствениот пазар, хармонизација на законодавството, правда и внатрешни работи.“

Ова е добра шанса за македонија но секоја шанса носи и ризици и ќе видиме дали сме спозобни како држава да ја искористиме вели профеоот од економскиот факултет Михаил Петковски:

„Тоа носи и добри и лоши страни. Добри страни што се создава шанса, нашите производи полесно да се приближат на европскиот пазар, бидејќи отпаѓаат трговски бариери. Но, од друга страна тоа во моментот значи и опасност од зголемено продирање на увозните стоки на нашиот пазар.“

изјави професорот Петковски кој предупредува дека првичните економски ефекти од стапувањето на сила на договорот нема да бидат на полза на Македонија:

„Со оглед на релативно неуспешното реструктуирање на македонската економија и македонските фирми до сега, можеби првичните ефекти и нема да бидат во наша полза. Но, од тој процес нема бегање и тој би требало да биде непосредна причина за интензивирање на реформските процеси кои бе требале да ја направат македонската економија поконкурентна на светскиот пазар.“
XS
SM
MD
LG