Достапни линкови

Констатациите од извештајот на Европската Комисија ја даваат реалната состојба


Констатациите изнесени во Извештајот за стабилизација и асоцијација подготвен од Европската комисија ја отсликуваат реалната состојба во Македонија, смета професорот од Правниот факултет, Никола Тупанчески за извештајот во кој се посочува дека се потребни поголеми реформи во како што се вели областа на доброто управуавње, владеењето со правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Притоа, во него пак се додава дека како приоритет останува трансформацијата на јаванта администрација во модерна и јавна служба:

„Кај нас и покрај декларативната определеност на државата дека ќе се сузбијат некои процеси што значат назадување и го немаат предзнакот демократски, значи тука станува збор за корупцијата, неефикасното судство, сивата економија итн, изостанаа. И покрај формирањето на повеќе специјализирани тела, коишто треба да ја сузбиваат корупцијата пред се, и организираниот криминал, во Република Македонија, сепак, по моја оценка уште многу треба да се направи во поглед на приближување кон европските стандарди. Значи, со право се упатени критичките забелешки и тоа токму на пунктовите каде што најмалку сме дале,“

изјави Тупанчески. Според него во иднина мора да се интензивира работата во делот на реформите
Амбасадорот на Европската комисија во земјава Донато Кијарини презентирајки го извештајот пред собраниската комисија за евроинтеграции рече:

„Мислам дека Македонија без претерување може да ја наречеме европска пролет, мегудругото затоа што утре стапува на Сила Спогодбата за стабилизација и асоцијација и ова е прва земја со вакво достигнување. Европската пролет исто така ја вклучува и апликација поднесена неодамна во Даблин. Јасно е дека во документот за европско партнерство земјите кон Европа треба да се движат онака како што сметаат дека треба, во тој контекст има јасна мапа и нема вракање назад, зборуваме за краток и среден рок, кој ке биде тоа зависи од вас. Ние сега очекуваме акционен план од владата во кој ке има детали како владата ке работи. Важен во овој контекст е и охридскиот договор. Европската унија не бара од вас да се вклучите туку вие сакате да и се придружите.“
XS
SM
MD
LG