Достапни линкови

Континуиран негативен тренд во последните четири години


Индустриското производство во јануари во однос на истиот период од минатата година опадна за 45 насто. Производство во фебруари, во однос на истиот месец од 2003 година опадна за 38%. Така велат податоците на заводот за статистика. Еконоксмките експерти коментираат, проблемот се мултиплицира доколку се има предвид фактот дека ваквиот тренд е актулен веќе четири години.

„Во однос на 2001 година, која беше исто така со негативен индекс на индустриско производство, а 2001 беше исто така со негативен индекс во однос на 2000 година, тука може да се заклучи дека имаме континуиран негативен тренд веќе три - четири години,“

е коментарот на професор Душан Вељковиќ. Аргументот на владата дека овие резултати се должат пред се на неработењето на рудниците за олово-цинкова руда и велешката топилница според Вељковиќ не држи:


„Имаме практично опаѓање во сите индустрии, не само топилница или ладна валалница, железарница, односно Балкан Стил или рудниците.“

Се работи за класично замирање на вкупната индустриска акивност, која единствено генерира зголемување на трговскиот дефицит поради увозот на стоките кои повеќе не се произведуваат во државата и пад на стандардот на вработените во индустријата.


„Директно ќе се одрази на стандардот на вработените во индустријата, бидејќи опаѓањето на индустриското производство значи и смален приход на тие индустриски претпријатија.“

Падот на индустриското производство е сериозно негативен податок со оглед на фактот што од вкупното произвоство во Македонија 90 проценти отпаѓаат на индустријата, а само десет на градежништвото и земјодлството:

„Најголем број од индустриските капацитети во Македонија се ликвидирани, не работат, под стечај се, се затвора производството, нема обртни средства, нема пазар.“

Неводењето на развојна политика веќе подолг период е главната причина за постигнувањето на вака високи негативни резултати на полето на економијата.

„Целиот период на транзиција, носителите на економската политика во нашата земја, се задоволуваат со макроекономска стабилност којашто не значи ништо и покажа дека држењето на контрола на цените и курсот не може да предизвика оживување на производството.“

тврди професорот Душан Вељковиќ.
XS
SM
MD
LG