Достапни линкови

Македонија има напредок во правниот и воено-техничкиот аспект


На патот кон НАТО Македонија има направено еден дел од реформите и тоа во правниот и воено техничкиот аспект, велат експертите. Според нив во овој дел клучно е прашањето колку се тие релевантни за промена на вкупниот имиџ на Македонија како идна членка на НАТО и додаваат дека не се, односно оти тоа не е доволно. Тие истакнуваат дека треба да се работи на реформи во сите области, а не само на одредени сегменти:

„Енергија се губи, на нашиот главен адут, специјалните единици и се запоставува целиот друг контекст и во одбранбениот и во социјалниот систем. А, денеска се почесто слушаме дека НАТО не сака да се однесува само како воена организација, туку како воено - политичка или пред се политичка, а потоа воена организација, која своите идни членови ќе ги оценува според вкупните резултати. Така што, играње на една карта е доста ризично. Особено, затоа што Македонија навистина се наоѓа во деликатна внатрешна ситуација, меѓутоа и регионалната се влошува.“

вели Билјана Ванковска од Институтот за одбранбени и мировни студии при Филозофскиот факултет која додава

„Она што за жал ни се случува, е овие оценувања да ги врзуваме за одредени настани и тогаш забрзуваме да покажеме до каде сме стасале и се се сведува на тоа дали ќе бидеме споменати во декларација на самитот или не. Споменувањето, дури и да дојде, ќе биде во некоја си декларација од второ степено значење. Потоа, за една држава којашто сериозно смета на членство, споменувањето не значи ништо, освен можеби некоја психолошка предност. Меѓутоа, не значи ништо конкретно.“

Назми Маличи поранешен заменик министер за одбрана пак смета дека не се почитуваат поставените рокови за спроведување на реформите:

„Нашите екипи кои ги следат внатрешните реформи во МВР и МО, па и во судската власт, како да забораваат дека е еден период што има точно време за имплементирање на овие редофми.“

И покрај забелешките за спроведување на реформите тој е оптимист дека Македонија ке успее наскоро да добие покана за членство во Алијансата

„Не значи дека ние не можеме да ги надминеме пропустите и се очекува дека Македонија 2006, најдоцна до 2007 година ќе ја добие поканата.“
XS
SM
MD
LG