Достапни линкови

Опасен светски тренд


Растечката популарност на анаболичките стероиди, особено меѓу младите кои настојуваат да го оформат своето тело по примерот на светските спортски ѕвезди, станува многу опасен тренд во светот. Стручњаците предупредуваат дека употребата на стероиди го загрозува здравјето и на професионалните спортисти, а многу посериозен е проблемот кога станува збор за обични млади луѓе.

Мега ѕвездите како Дејвид Бекам, Андре Агаси и Мајкл Џордан не се само врвни спортисти, туку и идоли на многу млади, кои ги зафаќа така-наречена мускул манија. Оформувањето на телото по примерот на идолите, честопати не се оставрува само со вежбање, па младите, сакајки брзи ефекти, посегнуваат по стероидите. Тоа, според експертите, е вистинска бомба за здравјето на младата генерација. Стероидите предизвикуваат брзо растење, зголемување на мускулите, а притоа нема соодветна подршка на капиларниот систем, што лесно може да резултира со срцев удар. На психолошки план, евидентна е и зголемената агресивност, вели Ли Мониган од универзитетот во Њу Касл, иако тоа е тешко да се докаже.

„Можеби само некои видови на стероиди, како на пример тестостеронот, во одредени количества, кај некои луѓе, предизвикуваат агресивност, но тоа е комплексно прашање.“

Мониган додава дека добро формирани мускули и воопшто убаво тело може да се формира и само со вежбање, кое е подолготраен процес и зависи од редовниот тренинг и здравата исхрана, но оти младите најчесто сакаат брзи ефекти и затоа ги земаат опасните допинг средства. Тоа особено е изразено во боди-билдингот иако Меѓународната федерација на боди билдерите го потпиша Светскиот анти-допинг правилник. Спортскиот новинар на Гардијан Пол Келсо посочува дека има тесна поврзаност меѓу скандалите со допинг кај врвните спортисти и интересот намладите за употребата на стероиди.

„Кога има позитивни тестови за допинг кај врвни спортисти, продажбата на тие средства расте. Тоа е најдобар маркетинг за прозводителите на стероиди и доказ дека тие се ефикасни за постигнување врвни резултати.“

Затоа Келсо смета дека всушност спортските ѕвезди ги наметнуваат стандардите за младите генерации и од нив во многу зависи дали ќе го развиваат спортскиот фер плеј или ќе подлегнат на милти-милионските маркетинг кампањи на компаниите ќија единствена цел е поголема продажба на споствените производи.
XS
SM
MD
LG