Достапни линкови

Производителите стравуваат од предвидената либерализација на пазарот


И додека новиот закон за тутун сеуште се крчка во Собранието, дојде време за потпишување на договори со тутунските комбинати за реколтата 2004 година . Значи, новиот закон сеуште не е донесен, стариот е на сила, но е во заминување, а тутунарите се наоѓаат во пат позиција . Тие незнаат што да прават, на кој да му го доверат тутунот, по кои правила на игра да играат:.


„Тутунџиите годинава не се задоволни. Тутунџиите трчаа по Македонија, не знаеја каде одат и дури сега се свестија дека се изманипулирани. Не знаат каде, со кого и колку договори да склучат,“

вели Петар Талемиџиоски тутнопроизводител. Новиот закон за разлика од сеуште актулениот предвидува либералзирање во откупот на жолтото злато, што значи тутунарите ќе може слободно да одлучуваат на кое откупно претпријатие ќе му го понудат својот производ. Но, ваквата слобода крие и свои недостатоци е ставот на Томе Петрушевски, претседател на зружението на тутнопроизводителите:

„Се плашиме дека прво, ќе го изгубиме авансирањето на ова примарно производство. Второ, ќе дојде до нарушување и на онака нарушената типска чистота на тутунот.“

Внимавајте со новиот закон ќе има и реваншизам, а подебелиот крај ќе го извлечат тутунарите предупредува Вељо Тантаров претседател на здружението на земјоделците. Со новиот закон и државата се ослободува од обврската да мора да учествува во откупот на тутунот , што е исклучително штетно за тутунарите, тврди Тантаров:

„Со новиот закон владата ќе крене раце од тутунот и ќе се откаже.“

Според првиот човек на откупувачот „Јака табак“ од Радовиш, за нив нема ништо спорно, а тутунарите од радовишко веќе почнале со склучување на договори за откуп со оваа компанија:

„Не се плашевме од производителите, им рековме дека ќе склучуваме договори, ги имавме цените по откупни класи, дали ги прифаќате. Тоа веќе го видовме, нашите кооперанти ги прифаќаат цените, го прифаќаат она што го понудивме, па дури и ги кредитираме, сите наши кооперанти имаат земено 80 насто репроматеријали.“

120 денари е просечната цена за килограм кој ја добија тутунарите за минатогодишната реколта чиј вкупен откуп изнесуваше околу 30 милиони евра, а тринаесет претпријатија за прват поради немање на финансиски средства не откупија ниту килограм тутун.
XS
SM
MD
LG