Достапни линкови

Финансирањето на кампањата според законите


Партиите кога се на власт не се чисти во трошењето на државните пари за партиски цели, а тоа ќе биде случај и во претстојната изборна кампања, велат експертите. Според нив јавноста, граѓанскиот сектор и органите на прогон треба да реагираат на ваквите појави. Џевдет Хајредини оценува дека оние кои имаат можност да работат на сузбивање на оваа појава воопшто не се активни и додава:

„Имам впечаток дека воопшто не се прави ниту обид да се идентификуваат овие појави. Иако, секаде се зборува, и граќаните кажуваат дека, ние сме мала држава и многу добро може да се идентификлуваат. Треба да се прашаат тие личности кои се фалат дека нивните партии имаат пари, како ги стекнале, тие се јавни личности и каде ги држат тие пари, не ги држат на жиро сметки."

И Тања Каракамишева од Правниот факултет посочува дека и овој пат може да се очекуваат финансиски проневери поради недостаток на прецизна правна регулатива:

„Ова јас ќе го ставам на сметка на владејачката партија, бидејќи и покрај обидот за донесуавње закон за финансирање на политички партии, таа не успеа законот да го донесе во предвидениот рок."

Во изборните штабови на претседателските кандидати се категорични оти ќе се трошат финансиски средства според законските норми.

Од СДСМ посочуваат оти нема простор за сомнеж дека ќе се трошат државни пари:

„Строго ќе го почитуваме законот и одредбите од законот за спречување на корупцијата и апсолутно ќе бидеме транспарентни со таа постапка,"

изјави Борис Кондарко

Влатко Ѓорчев од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе се постапува согласно со правните норми:

„По завршувањето на кампањата целата работа ќе биде јавна, ќе може да се провери и исто така на институциите ќе им биде покажано како биле потрошени средствата и од каде дошле тие средства."

Џевад Адеми пак од изборниот штаб на претседателскиот кандидат на ДУИ изјави:

„Ние начелно сме се определиле за скомна кампања. Заради многу причини. И ситуацијата во земјава и финансиската состојба во партијата. Но, и тие средства ќе бидат од донаторите и од самофинансирањето."
XS
SM
MD
LG