Во неговата книга ,,Против сите непријатели,, Ричард Кларк пишува дека Буш од почетокот бил посветен да го тргне Садам Хусеин поради што бил попречен да ја разбере заканата од Ал Каеда. Поранешниот координатор за контратероризам во Белата Куќа Кларк натаму пишува дека Буш верува оти заслужува да добие втор мандат поради неговиот соодветен одговор на нападите врз Соединетите Држави на 11 септември и војната во Ирак.
„Сметам дека е неморално што претседателот за бори за ре-избор поради тоа што сторил многу големи нешта против тероризмот. Тој го игнорираше. Тој го игнорираше тероризмот со месеци кога можеби ќе сторевме нешто за да се запрат нападите на 11 септември.“
Ричард Кларк натаму вели дека еден ден по нападите на 11 септември, Буш изгледал по загрижен поради Ирак отколку Ал Каеда. Тој барал тронка нишка што би го поврзал Садам Хусеин со нападите врз Соединетите Држави. Овие обвиненија предизвикаа дебата во Вашингтон. Дури и членот на Бушовата републиканска партија сенаторот Чак Хагел изјави дека обвинувањата на Кларк не треба да се отфрлат ои оти администрацијата треба да одговори.
„Станува збор за сериозен приофесионалец кој беше таму и тој излезе со сериозни обвинувања. Администрацијата треба да одговори.“
Одговорот дојде бргу. Портпаролот на Белата Куќа Скот Меклилан изјави дека Ричард Кларк е политички мотивиран, дека е пријател на Ранд Биарс советникот на демократскиот кандидат за претседател Џон Кери.
„Тој го донесе ова во врелината на претседателската кампања. Тој напиша книга и сака да ја промовира. Тој е најдобар пријател на Ранд Биарс главниот советник за надворешна политика во кампањата на Сенаторот Кери. “
Посматрачите се согласуваат дека акцијата на Кларк е политички мотивирана, но не се согласуваат околу важноста на обвиненијата. За Лари Собато политикчи аналитичар од универзитетот во Вирџинија е вознемирувачки што Ричард Кларк ке ја издаде книгата додека е Буш се уште во Белата Куќа.
„Тоа е нов и загрижувачки тренд. Тоа е опасно бидејки луѓето како Кларк ги принудуваат претседателите да разговараат со се помалку луѓе.“
Алан Лихтман – професор по историја и политика од Вашигтон пак вели дека тоа е можеби точно, но додава дека претседателите не треба да зборуваат ништо и пред никого доколку не сакаат тоа да се објави.
„Моето мислење е дека што повеќе сонце имаме, тоа ја чисти и ја подобрува политиката.“