Министерот за финансии Никола Поповски вели дека ќе има и соодветна декомпресија во однос на платите меѓу највисоките и најниските државни службеници, а оти крајната цел на оваа реформа е да се елиминира можноста од корупција на државната администрација и нејзино прелевање во приватниот сектор:
„Со оглед на тоа што имаме ограничени финансии да го спроведеме тој процес, со законот утврдивме динамика во идните 24 месеци да се зголемуваат платите на сите овие државни службеници по една 24-тинка од сегашното ниво за да се израмнат со нивото предвидено со законот. Тоа не е многу голем разлика, меѓутоа од месец во месец ќе се кумулира, па до крајот на 24-тиот месец ќе имаме изедначени плати на сите државни службеници без разлика каде работат.“
За опозицијата овие измени се сепак во правец на дисциплинриање на државната администрација, зашто министерот, вели пратеникот Аднан Ќахил, со одлука ќе ја одредува висината на бодовите:
„А, идејата беше државните службеници да не зависат од политиката, туку да биде независно.“
Либерал-демократор Шапуриќ смета дека со стартот на примената на законот од април годинава ќе се случат апсурдни ситуации во платите на службениците и избраните функционери:
„Генералниот секретар ќе има поголема премиерот.“
До ваква ситуација ќе дојде, вели министерот Поповски, но некаде по година и поливина. Но, само доколку во наредните 24 месеци не дојде до поместување на платите на избраните функционери:
„Се надевам дека пред да дојде до пренесувањето на нивото на државните службеници над министрите, ќе дојдеме до позиција во која и министрите и пратениците и другите државни фунционери ќе добијат повисоки плати од сегашните и ќе го добијат она што објективно според одговорноста и сложеноста на работата што ја вршат и го заслужуваат. Меѓутоа, за тоа ќе ја чекаме идната 2005 и да видиме дали владата ќе остане на ваквата проекција на политиката и дали парламентот ќе ја прифати.“
За реализација на проектот годинава ќе се издвојат 80 милиони денари од буџетот, наредната 370, а завршната 2006 кога ќе заврши декомпресијата и ќе почне целосно да се применува новиот систем на плати, од буџетот ќе се издвојуваат 650 милиони денари, финансии кои се проектирани, вели Поповски.