Достапни линкови

Промовирани претседателските кандидати


Партиските конвенции на кои беа објавувани имињата на претседатлските кандидати но и неочекуваното повлекување на претседателскиот кандидат на ДПА Арбен Џафери поради процедурални проблем, ја одбележаа неделава која ја оставаме зад нас. Џафери не го исполнува условот за најмалку десет години непрекинат престој во земјава. Него го заменува пратеникот и потпретседател на партијата Зуди Џелили:

„Донесов една ваква одлука со силна одлука дека ДПА мора да има кандидат на овие избори, затоа што сакаме да отвориме некои стратешки прашања за иднината на Македонија,“

изјави Арбен Џафери. Но, останува нејасно како се случило во една партија која се смета за сериозен политички фактор да се направи ваков превид.
Со истите проблеми се оочува и независниот кандидат Љубе Бошковски кој е сигурен дека ги исполнува потребните 10 години жителство во Македонија за претседателска кандидатура. Иако, во неговиот штабот стравуваат дека ДИК ќе ја испроблематизира неговата кандидатурата, тие се повикуваат на членот 132 од Уставот во кои стои дека се смета и жителството во други републики на СФРЈ.

Инаку последни претседателскиот кандидат неделава го објавија во владеачката СДСМ. Дилемата кој ќе биде нивниот претседателски кандидат како и што се најавуваше ја разреши лидерот Бранко Црвенковски во средата.

„На овие избори Македонија не смее да ризикува, треба и мора да избереме претседател на државата. И тоа, не било каков, туку претседател кој ќе гарантира дека ќе се остварат и достигнат стратешките определби на нашиот народ и држава.“

Истиот ден беше промоиран и претседателскиот кандидат на ДУИ и ПДП, Гезим Острени. Неговата политичка програма се темели врз заложбите за продолжување на запонатите процеси за интеграција на Македонија во ЕУ
и НАТО.

„Ние имаме долгорочна политичка програма, долгорочни политички ставови и цели кои треба да ги постигнеме. А, тие цели водат кон ЕУ и НАТО. Кој зборува за промена на границите е против мирот.“

Претседателскиот кандидат на најголемата опозициска Партија ВМРО ДПМНЕ Сашко Кедев својата трака за претседател на држават ја започна со желбата да биде претседател на сите граѓани без разлика на етничката и верската припадност, а особено не на партиската. Дојде време кога сите треба да инвестираме во обединувањето на граѓаните, рече Кедев.
XS
SM
MD
LG