Достапни линкови

Постои можност работите на Косово да се вратат на самиот почеток


Постои реална можност, работите да се вратат на самиот почеток, вели политикологот и советник за надворешна политика во претседателскиот кабинет Мерсел Биљали коментирајќи ги последните случувања на Косово, во однос на решавањето на конечниот статус.

„Постои можност работите да се вратат на самиот почеток, што воопшто не е желба на граѓаните на Косово. Ова фрла сенка на едно поранешно убедување дека трендовите на Косово се развиваат во позитивен правец. Мислам дека малку им оди во прилог на тие сили коишто се против дефинитивниот статус на Косово како самостојна држава."

Тоа што се случува на Косово е истото што се случува и во Србија. А, тоа е, како што вели Биљали последица на деструктивен ментален склоп:

„Никој не е невин ни на Косово ниту во Србија. Така што делиме судбина на деструктивен ментален склоп. Сепак, мислам дека ќе се најдат луѓе коишто ќе настојуваат да се санира состојбата, од причина што тоа воопшто никому не му одговара, ниту на регионот, ниту на луѓето и граѓаните, ниту на Косово, ниту на Србија."

Претставниците на меѓународната заедница во земјава сметаат дека случувањата на Косово не можат негативно да влијаат врз случувањата во Македонија:

„Нема индикации дека ќе има прелевање на ситуацијата од Косово во Македонија. Дијалогот, а не насилаството е единствен начин да се решат проблемите,"

изјави портпаролот на ЕУ во Македонија, Шина Томсон.

Додека во НАТО не ги коментираат информациите дека вооружени лица од Македонија влегуваат на косовска територија. Оттаму велат дека нивната улога во Македонија е само советодавна и немаат никакви ингеренции во обезбедувањет на границите.
XS
SM
MD
LG