Достапни линкови

Војниците на КФОР се обидуваат ситуацијата да ја стават под контрола


Со употреба на солзавец и сила војниците на КФОР на Косово се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола по вчерашните жестоки судири во кои најмалку дваесет и две лица загинале, а повеќе од 500 се повредени и обидите тие денеска да се повторат. Во неколку места на Косово се палат српски куќи и верски објекти јавуваат агенциите. Според известувањата УНМИК и КФОР го спречија попладнето обидот на група албански демонстранти да влезат во северниот српски дел на Косовска Митровица. Слична е ситуацијата во селото Чаглавица каде група албанци се обиделе да ја пробијат блокадата на меѓународните сили, а меѓународните сили употребиле солзавец и гумени куршуми. Судири имало и во Пеќ и Урошевац. Генералниот секретар на НАТО Јан де Хоп Шефер упати апел за смирување на ситуацијата

„КФОР прави се што може за да спречи натамошно насилство, но одговорноста тоа да го сторат е кај самите етнички заедници. Јас сум во постојан телефонски контакт со сите релеванти личности и во Приштина, и во Белград и во Обединетите Нации и во Европската Унија. Ова насилство мора да престане.“

рече Шефер.
Во Србија по вчерашните демонстрации во кои во Белград и Ниш беа запалени џамиите протести поради случувањата на Косово се одржаа и денеска.. Српската полиција попладнето употребила солзавец за да ги растера демонстрантите што го каменувале албанскиот конзулат во белград.Пред соборниот храм Свети Сава во тој град се палат свеќи и се одржуваат мирни демонстрации на кои учествува српското државно раководство. Војската на србија и Црна гора ја подигна борбената готовност
За настаните на Косово заседаваше и советот за безбедност на македонија.

Состојбата а е стабилна и не постојат никави индиции за можно прелевање на ситуацијата на Косово во земјава, изјави македонскиот премиер Бранко Црвенковски.
XS
SM
MD
LG