Достапни линкови

Клучните отворени прашања меѓу сојузниците остануваат


Обединетите Нации и Соединетите Држави се чини ги оставаат зад себе разликите што кулминираа во времето на кризата со Ирак. Тогаш најголемите антагонисти Вашингтон и париз сега како сојузници дејствуваат на Хаити. Сепак клучните прашања што ги конфрронтираат постјаните членки на Советот на Безбедност, како што е на пример прашањето како да се дефинира легитимната употреба на сила, остануваат нерешени

Една година по несогласувањата околу Ирак Светската Организација и американската администрација како да сакаат да свртат нова страна во нивните односи. Советот за безбедност дава сигнали дека Обединетите Нации би можеле да се вклучат во поствоената реконструкција на Ирак. Новата соработка, како онаа на Хаити, остава впечаток дека Советот за Безбедност влегува во нова фаза на дејствување одбележана со едноглансост и конструктивност. Но реалноста можеби не е така едноставна.

Упатените предупредуваат дека спорот како оној што беше инициран со Ирак нема да исчезне. За своја основа тој го има прашањето имаат ли право земјите како на пример Соединетите Држави да интервенираат без мандат на Советот за Безбедност
Поранешниот американски амбасадор во Светската Организација Џејн Кикпатрик вели

„Мислам дека би било премногу за да се сугерира оти Советот за Безбедност е единствениот извор на легитимна акција во ситуација на криза.“

Како и американскиот председател Џорџ Буш Кикпатрик верува дека Соединетите Држави имаат легитимитет да ги бранат своите интереси со превентивна воена акција, дури и ако таа нема формално ододбрение од Советот за Безбедност.

Но Франција и Германија во случајот соИрак не мислеа така. Дипломатијата го направи своето и сега Париз Берлин и Вашингтон, по можеби најголемото заладување на односите се чини прават напори да го остават зад себе тоа непријатно искуство . За американскиот политиколог Робер Каган клучното прашање е постапноста и дипломатијата во градењето на одосите меѓу вашингтон и Европа што подозна се рефлектира и во советот за Безбедност

„На пример, во војната против тероризмот, кога работиме систематски и со смисла ние ја имаме подршката на нашите сојузници. Но кога се однесуваме како разбеснети лавови таа подршка изостанува.“

Но треба ли работите да се остават сами на себе, или на дипломатијата се до следниот проблем? Некогашен висок американски дипломат и амбасадор во Русија и Израел Томас Пикеринг смета дека тоа не е доволно

„Ми се чини дека треба да се воспостави нешто како стандарди за јасна и непосредна опасност. Потребно е да се воспостават конкретни критериуми врз основа на кои ќе се носат оценките и решенијата. Во спротивно ние создаваме анархија во меѓународната заедница.“

Во таа насока генералниот секретар Кофи Анан веќе востанови панел група на видни дипломати и политичари кои би требало да ги назначат рамките на легалната процедура која би била повикувана во случаи како што се тероризам или развивање на оружје за масовно уништување. Првиот извештај на оваа група треба да биде објавен во септември.
XS
SM
MD
LG