Достапни линкови

Сорен Јенсен Петерсен, специјален претставник на ЕУ во Македонија. Македонија ќе има демократски претседателски избори


Како ја оценувате политичко-безбедносната ситуација во земјава?

Мој впечаток од она што го слушнав кога пристигнав и она што го видов е дека безбедносната и политичката состојба е значително подобрена. И од она што го видов по трагичната смрт на претседателот Трајковски беше уште една демонстрација на зголемената стабилност и зголемената политичка зрелост. Ова беше трагичен настан кој би можел да дестабилизирал повеке земји барем на краток рок. Овде апсолутно немаше знаци на несигурност, нестабилност. Граганите дури беа позближени од кога и да е, а исто така и покажуваа дека оваа земја треба да го следи патот што го постави претседателот Трајковски, а тоа е патот кон Европа и евроатлантските структури. Мислам дека изминатите недели беа демонстарција на значително подобрената политичко-безбедносна состојба.

Во земјава ке се одржат вонредни претседателски избори,а изборните активности ке се спроведуваат во скратени рокови. Како гледате на ова и и дали можеби има простор да не се избере претседтел по вториот круг на гласање?

На основа на она што го видов, и повторно настаните поврзани со смртта на претседателот, одговорот на политичарите, одговорот на граганите на Македонија, уверен сум дека во земјава ке има избори кои ке бидат фер и демокртаски и ке успеат. Јас сум убеден дека гласачите ке излезат и ке гласаат во првиот круг, ако има потреба ке се одржи и втор круг и мнозинството ке придонесе изборите да бидат успешни, бидејки мислам дека гласачите на Македонија ке одлучуваат не само кој ке биде следниот претседател, туку тие ке одлучуваат за претседател кој ке го продолжи процесот на европски интеграции. Не само политичарите, туку секој граганин има удел во тоа дали ке бидат успешни изборите, секој треба да одговори на тоа.

Уште пакетот закони за децентарлизација останаа како обврска од рамковниот договор, како ја оценувте имплементација на рамковниот договор?

Јас мислам дека е многу направено во имплементацијата по потпишувањето во август 2001 година, но некои од најважните прашања поврзани со ова останува да се завршат како усвојувањето на законите, потоа нивна имплементација. Од една страна многу е направено, но нема дилема дека уште многу треба да се направи и крајно важно е политичарите, владата, политичките партиите, како и граганите, а и граганскиот сектор да не го изумат фактот дека треба уште многу да се направи.

Во министерствата за правда и внатрешни работи во тек се реформи, како на пример предлози за подготовка на нови патни исправи и слично, со оглед на ова кога македонските грагани може да очекуваат олеснување на визниот режим?

Ова не зависи само од реформите во министерствата за внатрешни работи и правда. Тоа исто така зависи од она што го нарекуваме како политички одговор од земјите членки на Европската унија. Она што е важно за Македонија, освен реформите, е да воспостави владеење на правото во вистинска смисла на зборот, транспарентни процедури дека може да ги обезбеди границите, дека може да се справи со илегалната миграција и слично. Кога ке постои јасна претстава дека Македонија има контрола на границите тогаш може да се отвори прашањето за либерализирање на вижниот режим. Тоа беше разгледувано на самитот во Солун и земјите членки истакнаа дека може да се продолжи со дискусијата за ова прашање. Но, јас сакам да бидам искрен и ке речам дека замјите членки имаат потешкотии со влезот на 10 нови членки кое ке претстои, и дури и за нив не се целосно отворени во делот на слободно движење на лугето. Мислам дека додека ова не се заврши, не може да се очекува драстичен прогрес за отварање за земјите од овој регион. Многу е важно што ова прашање за слободно движење на лугето е на агендата и дека Унијата продолжува да обрнува внимание на загриженосна на лугето од западниот Балкан.

Што ќе кажете за реформите во полицијата, Проксима веке неколку месеци е на терен

Македонија се движи во вистински правец. Има јасно признавање за однесувањето на министерството за внатрешни работи, владата и тие знаат дека владеењето на правото е главно, ако сакате да ја подобрите економската ситуација, да привлечете приватни инвестиции мора да имате транспарентен систем на владеење на правото, треба да се борите со организираниот криминал и многу треба да се направи во оваа област, треба да се борите против корупцијата, треба да ги привлечете странските инвеститори да дојдат и да се уверат дека нивните пари не се само добро инвестирани, туку и дека се заштитени. Мислам дека владата се фокусира на ова

Ја споменавате корупцијата, според вас на кое ниво е и цените ли дека можеби прогрес во борбата против ова зло

Мислам дека корупцијата во како во Македонија, но и во многу други земји од регионов но и надвор, е за несрека во сите нивоа на општеството. Не можам да кажам за прогрес во борбата против корупција. Но, можам да кажам дека има прогес во борбата против организираниот криминал, а за тоа говорат неодамнешните апсења на некои криминалци во Македонија за кои сум уверен дека се инволвирани во организираниот криминал. Тоа покажува дека владата е сериозна во борбата против организираниот криминал, како и во воспоставувањеѕо на владеењето на правото, ова е позитивен развој. Во овој дел се особено важни реформите на судството, а пред надлежните институции е можеби и поголема задачата, бидејки можеби не гледаме толку прогрес тука.

Македонија на 22 овој месец ке ја поднесе апликацијата за членство. Според вас каде е Македонија на патот кон Унијатаи колкав пат и претстои?

Долг пат, но мислам дека Кинезите велат дека секој долг пат започнува со прв чекор и ова е многу важен прв чекор да се поднесе апликацијата, бидејки Македонија, владата, политичките партиите и граганите имаат јасна цел. Сега станува збор за тоа да се има јасен план на активности како да се постигне таа цел. Но, она што мислам дека е важно е тоа што со апликацијата Македонија си постави јасна цел, и Македонија и владата знаат дека сега многу зависи токму од владата и граганите колкав ке биде тој пат. Тоа ке биде долг пат. Ниедна земја не се зачленила во Европската унија за краток период. Има долг пат пред Македонија, треба да се започне и мислам дека 22 март е многу важен датум за историјата на Македонија

Македонија и покрај препораките на Европската унија да не потпише некои договори со Соединетите држави го направи тоа. Мислите ли дека во вакви околности тие треба да прекинат да важат?

Јас не можам директно да ви одговорам на прашањето. Она што можам да го кажам е дека критериумите се многу јасни тоа се критериумите од Копенхаген. Она што е важно за Европската унија е дека Македонија треба да ги почитува критериумите на Унијата, и ако активностите што ги презема Македонија не се во координација со овие критериуми тогаш Македонија ке мора да ги погледне уште еднаш. Само велам што се однесува до Унијата ова не е прашање што велат Соединетите држави или било која друга земја што да прави Македонија, станува збор за јасни критериуми кои се однесуваат на сите земји кои сакаат да се зачленат во Унијата, и тие или ги почитувате критериумите или не.

Што мисли Европската унија за статусот на Косово и како би влијаел на Македонија?

Како прво Европската унија е многу јасна. Позицијата на Европската унија е позиција поставена во Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност. Унијата исто така изразува комплетна поддршка на имплементирањето на стандарди пред статус. Со други зборови тоа значи дека стандардите беа дефинирани и подржани од ЕУ потоа мора да се имплементираат пред да започне било каква расправа за статусот. Што се однесува до финалниот статус премногу е рано да се каже каков ке биде. Но мислам дека решавањето на статусот нема да има било какво влијание, посебно не во негативна смисла. Македонија е многу стабилна земја и не можам да замислам дека било кое решение за Косово дека ке може да ја дестабилизира на било кој начин веке добро поставанената, стабилна земја. Финалниот статус на Косово каков и да биде ке и помогне на Македонија како прво да ја елиминира несигурноста која влијае на странските инвеститори. Со тоа што ке има стабилен Западен Балкан може да добијат сите грагани, а Македонија на еден начин ке има сосед кој има статус без оглед каков ке биде.
XS
SM
MD
LG