Достапни линкови

Не се очекуваат промени врз расположението на гласачкото тело


На претстојните вонредни претседателски избори не се очекуваат драматични промени врз расположнието кај гласачкото тело, сметаат експертите. Вонредните околности под кои треба да се одржи изборот за претседател, според професорот Јован Донев, нема да имаат битно влијание во однос на одзивот на гласачите, туку дека условите под кои тие ќе се однесуваат ќе имаат одраз, само врз интензитетот на политичката кампања:

„Пожестока ќе биде кампањата сигурно, тоа е сигурно. Покус е рокот. Сосема е нормално, она што партиите треба да го одработат за 30 дена, сега за 12 дена треба да го одработат. Значи ќе имаме доста емоции, меѓутоа одзивот ќе биде како и на сите други избори, можеби помал од парламентарните, меѓутоа горе-долу тој ќе биде одзивот отприлика."

На последнота анкета на Институтот за политичко правни истражувања за расположението кај гласачкото тело што беше спроведена пред неколку месеци, од вкупниот број испитаници десет проценти одговориле дека нема да гласаат, додека 20 насто се изјасниле како неопределени. Според аналитичарите, овие податоци се толкуваат како сигнал за можност од реприза на српските претседателски избори на кои немаше одзив на гласачите и кај нас:

„Во Србија имавме повик за бојкот на изборите. Српската демократска странка и српската радикална партија ги повикаа гласачите да не излегуваат на изборите. Тоа е сосема друга ситуација отколку во Македонија,"

вели Донев.

Професор Лидија Христова од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања вели оти процентот на испитаниците во Македонија кои во меѓувреме се изјасниле како неопределени или апстиненти ќе се менува, односно оти треба да се очекува тој број да се намалува како што ќе се приближуваат изборите:

„Битно е што ќе се случи во текот на изборната кампања и дневно политичките настани кои може да го менуваат расположението во еден или друг смисол."

Сепак, треба да се имаат на ум факторите поради кои дел од гласачите одговориле дека нема да излезат да глааат, вели таа:

„Причините за тоа треба да се бараат во големото раслојување на граѓаните."
XS
SM
MD
LG