Достапни линкови

Николас Бигман, амбасадор на НАТО во Македонија. Нема опасност по безбедносната ситуација


Како би ја оцениле безбедносната ситуација во Македонија по смртта на претседателот Борис Трајковски? Какво влијание би можело да има овој случај?

Јас мислам дека безбедносната ситуација во Македонија е скоро иста по смртта на претседателот како што беше и порано. Не гледам било каква опасност по безбедносната ситуација, односно таа да биде нарушена дури и по трагичната смрт на претседателот. Немам впечаток дека некои поголеми групи би сакале да ја видат нарушена безбедносната ситуација, и мислам дека тоа нема ни да се случи, нема причина за тоа.

А што мислите за политичката ситуација со оглед на фактот што ке има вонредни претседателски избори во еден прилично краток период?

Претопставувам дека ке има период на избори, изборна кампања, за која се надевам дека ке биде нормална демократска, цивилизирана кампања, не гледам причина да има некои мегуетнички проблеми во текот на претседателските избори, а токму тоа е единствената работа од кој треба да стравуваме. А простор за тоа нема. Ке имаме интересни неколку недели на политички план, но нема простор за грижа.

Македонскиот премиер Црвенковски побара помош од НАТО за текот на истрагата во која загина претседателот, односно како што рече тој она на што Македонија не е подготвена е тоа истрагата да остане под неразјаснети околности. Подготвена ли е Алијансата да помогне и на кој начин?

Се разбира дека НАТО е подготвен да земе учество во истрагата, онолку колку што можеме. Се разбира, бидејки има шпекулации, а некои од шпекулациите се прилично грди. Природно е и разбирливо откако ке се случи вакво нешто да има шпекулации. Мислам дека во интерес и на НАТО и на Македонија да се знае точно што се случило, дали тоа е вина на НАТО, СФОР, авионот, пилотот, мора да се знае за да не се дозволи тоа повторно да се случи во иднина. Затоа ние ке придонесеме за истрагата и сигурен сум дека ке ги најдеме причините за овој случај, и тоа ке го сториме заедно. Јас не ги знам деталите точно на кој начин би помогнала Алијансата, зависи во голем дел од СФОР кој е надлежен за таа област, како и од Босна и Херцеговина да соработува во истрагата и тие ке бидат транспарентни, во тоа можам да ве уверам.

Како гледате на на односите мегу Македонија и НАТО, односно за македонските аспирации за членство во Алијансата?

НАТО има визија за Македонија како членка веке повеке години, затоа Македонија е и дел од програмата за членство. Значи нема прашање дали таа ке стане членка, туку кога. Притоа има низа на стандарди кои треба да се исполнат, знаете како што им велиме на лугето од Косово стандарди па статус, така им велиме и на Македонија, Хрватска и Албанија стандарди пред членство. Има дел кој се однесува на структура и ефикасност на безбедносните сили, дел кој повеке се однесува на политички елементи кои ги има во преамбулата на договорот за основање на алијансата кој говори за индивидуална слобода, демократија, владеење на правото. Ние посебно ке следиме што се случува во делот владеење на правото. Тоа значи што прави полицијата од една страна и судството од друга страна. Притоа полицијата добива помош од Европската унија, а министерството за правда исто така добива помош од повеке страни. Но, во овој степен на развој најавжни се реформите во судството, односно што може тука да се направи, за да има и сериозна борба против корупцијата. Тоа пак е особено важно за инвеститорите, како македонските, така и странските кои сега не вложуваат поради несигурност, бидејки мислат дека во случај на проблеми не можат да се потпрат на судовите. Тоа е една од работите која ке биде разгледувана кога ке се одлучува за тоа дали Македонија е подготвена да се приклучи во Алијансата

Споменавте дека реформите во судството се од големо значење, а што би кажале за реформите во одбраната?

Мислам дека реформите во одбраната се тешки и тоа во сите земји, бидејки вие навистина мора да ја прилагодувате одбраната постојано како што мегународната и безбедносната состојба се менуваат. Морате да ги прилагодувате вооружените сили и тоа важи за сите земји Германија, Норвешка, било која, сите мора да го прават тоа, во спротивно, вие сте заглавени - сте заложник на армија која е нерелевантна бидејки не може да одговори на новата ситуација, односно таа е способна да одговори на ситуација која не постои. На овој степен македонските вооружени сили се сеуште да речеме старомодни, и тоа е една од причините поради кои министерството за одбрана е во процес на стратешки реформи кој е на пат да биде реализиран, првата фаза е веке заршена, втората се спроведува, а третата најверојатно ке финишира пред самитот во Истамбул, тоа е многу важно, потоа ке следи имплементацијата. Реков дека ке биде потребно да се случи нешто спектакуларно за Македонија да добие позитивно мислење во Истабмул, мислам дека ако стратешкиот документ за одбрана може да помине во парламентот и со тоа се согласи и опозицијата тоа ке биде навистина спектакуларно. Македонија ке направи нешто за една година, нешто што другите го правеа три или четири години.

Според вас што може да очекува Македонија од самитот во Истамбул?

Истамбулскиот самит нема да биде самит на кој ке бидат поканети нови членки, тоа значи најверојатно нема да се случи пред 2006 година. Истамбулскиот самит е само станица на патот кон покана. Ако за Македонија е важно да добие позитивно мислење во коминикето на Истамбулскиот самит и тоа е можност. Но, тоа е се што може да очекувате. Не може да очекувате нешто специјално. На овој самит ке се говори за Ирак, Афганистан, реструктуирање на НАТО, а Балканот на овој степен не се во преден план.

Дали сеуште незавршената демаркација на границата мегу Македонија и Србија посебно делот со Косово може да влијае негативно на безбедносната состојба во Македонија, а и во регионот?

Воопшто не. Има договор мегу Македонија и Србија за тоа каде е границата, а не каде ке биде. А тоа дали е демаркирана е комплетно ирелевантно. Јас не би брзал да се демаркира во делот со Косово, бидејки технички не можете да го направите сами, тоа не може да го направи Македонија сама, а која е другата страна на овој степен не е Косово зошто нема сувереност, УНМИК не е вклучен во договорот мегу Македонија и Србија. Тоа можеби би биле властите од Белград? Може да замислите што ке се случи на Косово ако српските власти дојдат да ја демаркираат границата. Мој впечаток е дека не треба да се брза, а тоа лесно ке се стори кога Косово ке го добие финалниот статус.

Генерално што би кажале за состојбата во регионот на безбедносен план?

Целосно, гледано е доста добра. Посебно Босна напредува. Мегународниот претставник Педи Ешдаун заврши одлична работа во Босна. Србија оди два чекори напред, еден назад. Но, тоа не ја загрозува регионалната безбедност. Ако овој регион, Балканот не е прв на агендата на НАТО, тоа значи дека безбедносната состојба е доста добра.
XS
SM
MD
LG