Достапни линкови

Поинаков балкански лидер


Балкански лидер, поим кој означува безмилосен, корумпиран и политичар кој ги користи меѓу-етничките тензии за да остане на власт, не беше соодветен и за македонскиот претседател Борис Трајковски, факт што неговата смрт ја прави особено трагична. Ова е оценката во коментарот на денешен Вол Стрит Журнал, под наслов Вистински балкански државник.

Додека многумина балкански политичари, вклучувајки и министри во неговата влада, кои ги потикнуваа етничките тензии, претседателот Трајковски покажуваше чесност, пристојност и толеранција. Повеќе од кој било друг поединец, тој беше заслужен за избегнувањето на крво-пролевањата и за зачувувањето на унитарна, мулти-етничка Македонија, се вели во коментарот на Волс Стрит Журнал. Во време на кризата, кога албанските бунтовници, кои беа цврсто поврзани со соседно Косово, започнаа со брутални напади врз македонската полиција и армија, македонските сили одговорија на типичен балкански начин. Претседателот Трајковски, и покрај сите притисоци, ја превзеде улогата на миротворец. За жал, неговиот Линколновски стил, не беше целосно прифатен од неговите со-граѓани. Радикалните елементи во неговата партија никогаш не му простија за компромисите со албанците, но тој продолжи да се судира со нив околу сензитивните прашања, вклучувајки ја и амнестијата за бунтовниците. Неодамна, и покрај противењето од неговата партија, Трајковски го потпиша и законот за легализација на Тетовскиот Универзитет. Со таквиот потег, си ги уништи шансите за добивање подршка од партијата за уште еден претседателски мандат, но сепак го потпиша. Претседателот Трајковски исто така беше докажан и константен пријател на Соединетите Држави и воопшто про-западен политичар. Се на се, владеењето на Трајковски беше уникатно во мулти-етничката држава, знаеше накаде се движи и ја туркаше државата кон интеграција со Западот. Македонија и регионот беа благословени што го имаа Трајковски и за жал неговата смрт конечно му го донесе и респектот што го заслужуваше, заклучува во коментарот денешен Вол Стрит Журнал.
XS
SM
MD
LG