Достапни линкови

Човек со големо срце, секогаш подготвен да чуе различни мислења


Човек кој носи одлуки, секогаш достапен за сите, расположен да ги слушне различните мислења, човек од кој треба да учат другите политичари. Ова се карактеристиките кои може да се слушнат од најблиските советници, соработници, пријатели, соседи на претседателот Борис Трајковски кој загина во авионска несреќа во Босна и Херцеговина. Љубомир Фрчкоски, личен советник и пријател на загинатиот претседател уште од времето пред да стапи на таа функција вели:

„Борис беше човек кој носеше одлуки, независно како комплицирано кај него беше тој процес, поради сопствените морални и религиозни норми, тој ги носеше одлуките и за време на кризата и одлуката околу Рамковниот договор, потоа ја гарантираше неговата имплементација, беше најсилен гарант. Успеа да обезбеди таква поддршка од меѓуетничките заедници, што ја немаше никој од политичарите. Едноставно беше политичар кој носеше одлуки, кој го рескираше својот рејтинг и својата позиција, со еден збор голем губиток за нас, да не зборувам сега за личните релации и како јас тоа го чувствувам, но за држават голем губиток.“

Претседателот Трајковски беше личност која ги поддржува иницијативите на граганскиот сектор, за него директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Сашо Клековски посочува:

„Претседателот Трајковски имаше две карактеристики несвојствени за политичарите во Македонија. Тоа се неговата достапност и неговата способност да ги чуе различните мислења. Добар дел од нас не можеа да ги сфатат овие две особини, дека претседателот се трудеше секогаш да биде достапен и да ги чуе различните мислења. Тоа на некој начин го направи многу подобен и кооперативен за соработка со граѓанскиот сектор, со невладините организации. И беше еден од ретките политичари што беше достапен не само за МЦМС, туку и за многу други граѓански иницијативи и мислам дека тоа е нешто што и другите политичари треба да го преземат од него.“

Со добри зборови за претседателот и неговата сосетка Славица Гичева

„Голем човек, со големо срце, колку што беше физички голем, толку беше голем и со луѓето, односно ведар, насмеан, со луѓето што ги познаваше беше ист и пред да биде претседател и потоа.“
XS
SM
MD
LG