Достапни линкови

Политичкиот аспект по смртта на претседателот Трајковски


Иако, Македонија нема големо искуство во вакви несакани ситуации, видливо е дека сепак државните институции функсионираат согласно уставот, и не постои простор за поместувања во земјава кои ќе водат кон влошување на состојбите, смата Ѓунер Исмаил надворешен член на националниот Совет за безбедност.

„Со сите мерки на претпазливост коишто органите се должни да ги преземат, значи почнувајќи од АРМ, МВР, сето она што како инфраструктура треба да го држи под контрола, тоа е се ставено под едно должно внимание за вакви состојби, согласно со уставните и законските надлежности и должности што ги имаат органите. И во таа смисла, во овој краток период што не очекува до окончување на целава тажна случка, заклучно со погребот, не може да очекуваме дека ќе има некакви радикални поместувања на лошо.“

Ѓунер Исмаил предупредува дека и во наредниот период треба да се задржи претпазливоста на државните институции бидејки не очекува изборен период:

„40-тина дена имаме рок во целата работа да избереме нов претседател. Не е сигурно дека сите оние што ќе сакаат и ќе искажат амбиции да партиципираат во таа трка ќе се однесуваат согласно со деморактските правила. При тоа, не треба да го занемариме и оној фактор од надвор, којшто ќе се обиде да активира лов во матно, нешто од што Македонија не страда една година, пет години, туку можеби стотина години. Претпоставувам дека и за тоа има одредени размислувања и одредени проекции на одговорните за безбедносните состојби во нашата земја.“

Но сепак вели Исмаил вчераната посета на високиот евро пдратеник хавиер Солана беше се цел

„Да ја потврди заинтересираноста, односно будноста на меѓународната заедница, да бидеме внимателно набљудувани и во случај на закана да бидеме помогнати повеќе од она што ни се дава како „Проксима“ или други сервисирања на нашата стабилност.“

И политикологот мерсел Биљали советник за надворешна политика во кабинетот на покојниот претседател Борис трајковски ја исклчува можноста од појава на нескани ситуации

„Од самиот факт што се соочуваме со нова состојба, не верувам дека има простор за некои ирационални идеи.“

Македонија во оој момент е хедикепирани бидејки ќе и недостига лидер од калибарот на Борис Трајковски вели Ѓунер Исмаил:

„Со оглед на тоа што сите инволвирани страни во криза, му веруваа, и во таа смисла во сите идни состојби, ние ќе го имаме тој недостаток на лидер којшто ќе ги катализира и ќе ги усмерува кон нивно смирување.“
XS
SM
MD
LG