Достапни линкови

ЕУ ќе продолжи да и помага на Македонија


Во овие моменти на тага секому се потребни пријатели, и ве уверувам дека Македонија има многу пријатели во светот посебно во ЕУ, изјави високиот претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Хавиер Солана по средбата со премиерот Бранко Црвенковски претседателот на Собранието Љупчо Јордановски и вицепремиерот Муса Џафери.

„Ова се момемнети кога земјата треба да покаже единство и одговорност со цел земјата да продолжи на избраниот курс за приклучување кон ЕУ. Јас му кажав на премиерот и на претседателот на Собранието дека може да сметаат на помош и поддршка од ЕУ. Не се сомневам дека вашата земја ќе ја покаже својата длабока зрелост.“

Посета на Солана еден ден по авионската несреќа на Македонскиот претседател пресавува гест на пријателство и подршака за нашата земја и нашите граќани изјави премиерот Црвенковски

„Ги искористивме разговорите коишто ги имавме да го информираме господинот Солана за состојбите во нашата држава и уште повеќе да го искажеме нашето цврсто убедување дека дури и во вакви околности, институциите на државата и системот во Република Македонија функционираат и ќе функционираат нормално и дека Република Македонија ќе продолжи по веќе зацртаниот генерален курс без било какво колебање или губење време.“

Претседателот на Собранието Лупчо Јордановски кој во моментот е вршител на должноста претседател на државата го информирал европратеникот Солана дека и двете институции ќе функсионираат со полн капацитет.

„Во парламентот постои висока свест кај сите политички партии присутни во парламентот за да се надмине овој трагичен момент. А, од моја страна, јас ќе го дадам сите сили и напори за подеднакво да ги вршам двете функции до избор на новиот претседател на дравжавата."
XS
SM
MD
LG