Достапни линкови

Во тек операција за расчистување на областа која е тешко минирана


Деминерите на штабот за цивилна заштита од Мостар го лоцираа местото на кое се наоѓаат остатоците од авионот на македонскиот претседател Борис Трајковски на локалитетот Требањ кај Ходово во близина на Столац. Деминерите моментално го расчистуваат теренот со цел спасувачките екипи да можат да дојдат до местото на кое се наоѓаат остатоцитѕе на авионот кој најверојатно најпрвин удрил во врвот на планината Хргуд по што се урнал. Од лице место се јавува дека авионот паднал во малото место Хусковиќи на меѓу ентитетската линија на простор кој е миниран за време на војната во БИХ. Дирекцијата за цивилна и воздушна пловидба на Бих потврди дека спасувачките хеликоптерски единици ги воочиле остатоците на авионот . Заменикот на генералниот директор Џелал Хасагиќ изјави дека се преземаат сите мерки за да им се пријде на остатоците од авионот на македонската влада но дека тоа може да потрае поради лошиот терен и минираното подрачје. За причините на несреќата нема официјални информации. Вчера се шпекулираше дека можна причина би можело да биде лошото време кое владееше во ова подрачје. Припадниците на стабилизационите сили и натаму не соопштуваат никакви детали за трагичната несрека иако контролата на летањето на мостарскиот аеродром ја има францускиот контигент на СФОР во Босна и Херцеговина. Замерник државниот обвинител на БИХ Меџита Кресо изјави дека е сочуван последниот разговор меѓи пилотот на македонскиот авион и контролата на летот и тој денеска ке биде внимателно преслушан. Во Босна и Херцеговина по повод трагичната смрт на Претседателот Трајковски денеска е прогласен ден на жалост.
XS
SM
MD
LG