Достапни линкови

Македонија претрпе огромна загуба


Македонија претрпе огромна загуба, гласеа првите зборови на премиерот Бранко Црвенковски по враќањето од Даблин каде денеска и фицјално требаше да поднесе апликацијата за членство во ЕУ:

„Денес Република Македонија претрпе огромна загуба, се сруши авионот во кој патуваше претседателот на државата Борис Трајковски, заедно со осум членови на делегацијата и екипажот. До овој момент, потврда од званичните институции на БИХ за преживеани нема, и од нивна страна се оценува дека шансите за таков епилог се минимални. Во овие тешки моменти, јас, владата и граѓаните на Македонија сме заедно со семејствата на претседателот и останатите настрадани и ја споделуваме нивната огромна болка. Го изразувам нашето длабоко жалење и искрено сочувство.“

Во овие тешеки моменти за Македонија неопходно е единство на нацијата порача премиерот Црвенковски

„Ова се моменти кога е неопходно единство на нацијата. Очите на целиот свет се свртени кон нас. Убеден сум дека уште еднаш дури и при вакви трагични околности ќе го потврдиме нашиот државотворен капацитет, нашата демократска зрелост и висока општествена свест. Институциите на државата ќе продолжат да функционираат нормално и одговорно во согласност со уставот и законите.“

Вонредна седница одржа Владата на РМ како и Нациопналниот Совет за Безбедност, на кој се разгледаа вкупните состојби по новонастанатата ситуација

„Во текот на утрешниот ден ќе организирам средби со лидерите на политичките партии, од кои очекувам со одговорно и соодветно на ситуацијата однесување да дадат и сопствен придонес во надминувањето на оваа состојба. Загубата е огромна, треба да жалиме, но не и да стравуваме. Македонија е цврста и стабилна држава и ќе го продолжи својот пат.“

Претходно вицепремиерот Јован Манасиевски информира дека веднаш по добиањето на информацијата за уривањето на авионот валадата формирало е координативно тело кое потоа

„Формира специјално владино тело. Задачата на ова специјално владино тело е утврдување на фактичката состојба заедно со федералните власт на БИХ, и соработка во целокупната истражна постапка.“

Во Авионот Кингер освен претседателот Борис Трајковски патуивале уште неговите советници Ристо Блажевски и Анита Лозановска, Димка Илкова Бошковиќ задолжена за контакти со јавноста, Миле Крстевско од Министерството за Надворешни работи, двајцата членови на обезбедувањето Борис Велинов и Аце Божиновски како и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.
По уривањето на авионот со кој патуше претседателот трајковски, засилено е обзбедувањето на државните граници, на виталните државни објекти, институции и армиските објекти. Министерството за Одбрана соопшти дека се преземаат засилени мерки на претпазливост во сите команди, единици и установи на АРМ.
XS
SM
MD
LG