Достапни линкови

Земјотрес со умерен интензитет


Вознемирени од тресењето на земјиштето и бучавата предизвикани од земјотресот, дел од жителите на Скопје, претпладнево околу 9 часот и 20 минути, ги напуштија своите домови и работни места:

„Се почувствува многу јако.“
„Како да пропаѓа нешто, имаше два силни удари.“
„Цела зграда се тресеше и сите избегавме надвор.“


Според податоците на сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил со сила од 4 до 4,2 степени според Рихтеровата скала, односно 6 до 7 степени според европската Макросеизмичка скала.

„Во Скопје и околината е почувствуван.“

„Ова е локален земјотрес во скопското подрачје, негде на 20 километри од центарот на Скопје. Ова не е силен земјотрес и тој може да се каже е со послаб интензитет, но во секој случај е еден од посилните што се случиле во последниве десет години.“


изјавија Јасмина Ѓуровска од Сеизмолошката лабараторија Директорот на Институтот за земјотресно инженерство Михаил Гаревски.
Како последица од потресот на одреден кус период во делови од градот дојде до прекин на електричната енергија и пад на мрежата на мобилните телефони. Во Сеизмолошката лабораторија не се пријавени оштетувања како последица на потресот, а во Центарот за известување и тревожење каде што немало јавувања на граѓани, оставаат можност, тој евентуално да предизвикал помали напукнувања.

Директорот на Институтот за земјотресно инженерство Михаил Гаревски, вели дека евентуалната можност од нов земјотрес неможе да се предвиди, но тој потсетува на податокот дека балканскиот регион претставува трусно подрачје:

„Се знае дека овој регион е сеизмички активно подрачје, тука дилеми нема. Се знаат и локациите, односно познато е дека епицентрално подрачје е скопското, охридското, Пехчево, Берово, Валандово, но предвидувањата кога ќе се случи повторно е практично невозможно.“
XS
SM
MD
LG