Достапни линкови

Одбрана на потезите за заштита на САД


Американскиот претседател Џорџ Буш во вчерашниот говор во Вашингтон ги бранеше потезите што ги презема за заштита на Соединетите Држави и за заврстување на американската економија. Се смета дека со овој говор Буш ја започна кампањата за негов реизбор во Белата Куќа во ноември годинава.

Обраќајќи им се на гувернерите на американските држави од неговата Републиканска партија, претседателот Џорџ Буш ги критикуваше потенцијалните ривали на опозиционите демократи. Критиките на Буш особено се однесуваа на, како што рече, неколкуте нови идеи што ги имаат тие во врска со војната против тероризмот и со заздравувањето на американската економија.

„Кандидатите на Демократската партија се интересна група со различни мислења. Тие се за намалување на даноците, но и против тоа; се за Северноамериканскиот договор за слободна трговија НАФТА, но и не се; го одобруваат и не го одобруваат ослободувањето на Ирак; и тоа се од еден сенатор од Масачусетс.“

Рече претседателот Џорџ Буш, мислејќи на сенаторот Џон Кери, човекот кој има најмногу шанси да ја добие номинацијата на Демократската партија за претседателските избори во ноември годинава.

„Нашата иднина зависи од американското лидерество во светот. Полетот на слободата во нашево време е силно, но ние се уште се соочуваме со сериозни предзвици. Ал Каида е ранета, но не и скршена. Терористите ја тестираат нашата добра волја во Авганистан и во Ирак. Режимите во Северна Кореа и Ирак го предизвикуваат мирот. Акциите што ги преземаме и одлуките што ги носиме во оваа деценија ќе имаат последици низ целиот век. Доколку Америка покаже слабост и нерешителност, светот ќе тргне кон трагедија. Тоа нема да се случи според моето гледање.“

Изјави претседателот Џорџ Буш, обвинувајќи ги демократите поради тоа што ја водат кампањата со многу огорченост и со партиски гнев со цел да го спречат да добие уште еден четиригодишен мандат во Белата Кука.

„Безбедноста и просперитетот на Америка се во прашање. Нашиот курс е јасен. Во наредните четири години ние ќе ги држиме нашите непријатели во бекство и ќе ги шириме границите на слободата. Во наредните четири години ќе им помогнеме на американците да откријат дека постојат можности за менување на економијата.“

Рече Буш во говорот пред гувернерите од неговата републиканска партија за кој се смета дека е почеток на неговата реизборна претседателска кампања. Според последните испитувања на јавното мислење, Џорџ Буш го следи демократскиот кандидат Џон Кери.
XS
SM
MD
LG