Достапни линкови

Причина вкупната економско – социјална состојба


Незадоволството од јавниот сектор и стопаството од економско-социјалната состоба во земјава е главната причина поради која денеска на протест излегувае членство на Сојузот на синдикатите на Македонија .

„Протестот ќе биде израз на незадоволство од начинот на комуницирање со трипартизмот и социјалниот дијалог што го има владата и синдикатот. На него, како што реков ќе земат учество сите синдикати и претставници од јавниот сектор. Значи, претставници од овие синдикати членки од ССМ. Тоа е протест, а потоа ќе видиме какви активности ќе имаме.“

Изјави лидерот на ССМ Ванчо Муратовски кој не се жуствува изневрн од владата на Црвенковски која на изборите ги доби гласовите на синдикалците:

„Не ни е криво, не ги дававме гласовите на Бранко Црвенковски ниту на неговата партија, ги насочивме нашите луѓе да гласаат, што не значи дека треба да не послушаат, поради тоа што моментот беше таков што требаше спас на Македонија. Во смисла на тоа што со тогашното раководство очигледно беше дека Македонија оди во пропаст, од економски аспект се разбира.“

На протест пред Министерството за Внатрешни работи и Собранието денеска излегоа и воено-полициските обврзници незадоволни од како шо велат „понижувачкиот однос на министерот Хари Костов“, односно одбивањето на нивните барања за вработување во пограничната единица на МВР.

„Нашите барања се за прием во резервниот состав на пограничната полиција. Во досегашните разговори со официјалните политички лица од МВР и владата ни дадоа некои ветувања дека ќе бидеме примени како резервен состав кога ќе се формира. Како што гледаме не е така, ние се почувствувавме излажани и затоа се решивме на овој чекор, изгледа дека само така може да се добијат своите права.“

изјави Александар Велјановски од Здружението на воено-полициските обврзници кој не одговори точно за колку припадници на резервниот состав се бара да бидат вработени при МВР.
XS
SM
MD
LG