Достапни линкови

Отфрлен предлогот на владата за организирана исхрана


Синдикатот за образование, наука и култура не го прифаќа предлогот на владата, на вработените кои веќе трета недела штрајкуваат да им биде организирана исхрана наместо исплата на парични средства во висина што е предвидена во колективниот договор:

„Да се организира исхрана, а не надомест во паричен изност, тоа ќе го направиме тогаш кога ќе ги смениме колективните договори, кога ќе пишува така во нив. Сега, ќе се примени така како што пишува во колективните договори,“

изјави претседателот на СОНК Дојчин Цветановски откако министерот за финансии Никола Поповски го изнесе ставот според кој:

„Владата го повикува членството на СОНК да се произнесе дали владата да пристапи кон целосно организирање на исхраната или пак да продолжиме со исплатата на законски одредениот износ од 2,300 денари.“

Според Цветановски, синдикатот во меѓувреме добил поддршка за издржаноста на барањата за исплата на пари од претставникот на ММФ Родек Розвадовски, со кого претставниците на ССМ остварија разговори.

„Господинот Розвадовски меѓу другото го прашав дали на владата на Република Македонија, мисијата и сугерирала дека може обврски со закон и колективен договор да намалува или да укинува заради неможност тоа да се покрие со буџетот. Кажа ни случајно, туку обратно, секоја влада, па и нашата преземени обврски со закон и колективен договор, едноставно мора во целост да ги почитува,“

рече Цветановски.

По отфрлувањето на предлогот на владата од страна на СОНК, најавата на ССМ дека во понеделник ќе застане со конкретна поддршка, зад штрајкот на вработените во образованието, науката и културата станува се поизвесна:

„Како почеток на овие активности во 13 часот во понедленик се закажува протест на сите синдикати од јавниот сектор и од стопанството, а протестот ќе биде израз на незадоволство од начинот на неводењето на преговорите со СОНК и воопшто начинот на комуницирање со трипартизмот и социјалниот дијалог што ги има владата и синдикатот,“

изјави претседателот на ССМ Ванчо Муратовски по вонредната седница на советот на ССМ. Освен пред владата протести ќе бидат организирани и пред подрачните едници на министерствата за образование во сите градови. Со нив ССМ бара веднаш да се започнат преговори меѓу СОНК и ресорните министерства.
XS
SM
MD
LG