Достапни линкови

Можен наплив на мигранти


Земјите членки на Еу почнуваат да покажуваат знаци на загриженост поради можниот наплив на мигранти по проширувањето на Унијата на први мај. Шведска веќе сигнализираше дека ќе ја измени својата политика на отворени врати, а слично бара од својата влада и опозицијата во Британија.

Со наближувањето на досега најголемото проширување на Унијата започнува менување на некои идеалистички импулси на старите земји членки. Шведска и Норвешка ги загубија нервите па воведоа рестрикции што треба да спречат миграционен бран кој би можел да дојде од Полска или од балтичките земји.

Шведскиот премиер Горан Персон одржа изненадувачки тврд говор велејќи дека земјата ја очекуваат сериозни проблеми доколку не се заштити од неконтролирано вселување на државјани од новите земји членки. Аналитичарот Анерс Јансон појаснува:

„Премиерот рече дека би биле наивни ако мислиме дека можеме да ги оставите границите отворени за сите источноевропјани и да не сватиме дека со десет работни часови во Шведска тие си ги обезбедуваат сите социјални бенефиции“

Шведскиот премиер најави двегодишни рестрикции, со можност тие да бидат продолжени на уште три. Станува збор за регулативи што ќе ги заострат условите за обезбедување социјална заштита. Слични рестриктивни закони најавија Германија, Данска и Финска. Јансон вели:

„Она што всушност се случува е тоа што шведската влада свати дека речиси сите сегашни членки на Унијата ќе воведат специјални регулативи и Шведска би можела да биде единствената земја која дозволува слободна миграција, можеби заедно со Ирска и Британија“

Владата во Лондон е под силен притисок да го следи овој тренд. Иако, премиерот Тони Блер го отфрли предлогот за ограничување на бројот на луѓето што ќе дојдат од новите земји членки на Унијата тој се согласи на правила кои ќе ги обесхрабрат новодојденците да влезат во Британија само за да си обезбедат социјална заштита. Таа ќе им биде достапна само на оние кои можат да докажат дека се постојани жители. Но тоа не е доволно сметаат конзервативците тврдејќи дека со проширувањето на Унијата и затворањето на другите земји членки во Британија секоја година ќе сакаат да влезат многу повеќе од 13 илјади луѓе колку што владата проценува дека ќе биде случај.
XS
SM
MD
LG