Достапни линкови

Азис Положани, министер за образование. Синдикатот треба добро да го осмисли штрајкот, односно да одговори како ќе се надополни изгубеното


Господине Положани, повикот што владата го упати до училиштата итно да почнат со настава синдикатот го толкува како притисок, експертите исто така оценуваат дека штрајкот може да го прекинат единствено неговите организатори, бидејќи станува збор за легитимно право. Постои ли притисок врз наставниците за да продолжат со работа?

Мислам дека синдикатот, нормално е дека штрајкот го засновува врз законските и уставните определби наши, како демократска земја, и како таков тој може да се реалзира. Ама, тој мора да биде добро смислен. Да се одговара на прашањата коишто се поставуваат кога се почнува штрајк, значи како ќе се надополнат тие часови, дали се спремни децата и родителите да ги надополнат, на начин на којшто тој што предлага штрајк треба да предложи, а во овој случај, ниту предложи, ниту има направено план од страна на тие што го предлагаат штрајкот, како тоа да се надополни. И кога тој штрајк зема димензии што е на штета на образованието и мислам веќе и на штета на наставниците, сигурно дека ние како влада коишто мораме да го држиме тој баланс, тука има права на наставници од синдикален карактер, но и права на ученици, за образование, права на родители. Така што, во овој контекст, ние како влада реагиравме во склоп на надминувањето на таквата состојба и повикување на една одговорност и на тие што повикале на штрајк, за да ја разгледаат оваа работа, затоа што не може да го исполнуваме тоа што е надвор од рамката договорена со ММФ. А, договоривме да исполниме се тоа што е поголем дел од нивните барања што беше поставено кон нас.

Поминува и втората недела од штрајкот, решение нема. Ставот на владата е веќе познат, но има ли владата и министерството за образование изготвено некаква стратегија за излез од овој условно кажано ќор сокак?

Ние бевме мошне коректни, прифативме поголем дел од барањата. Бевме подготвени за преговори понатаму и во тек на преговорите тие пак одлучија на штрајк, што беше своевиден ултиматум од нивна страна, и своевиден каприц, којшто очигледно секојдневно се докажува, дека е во интерес и во контекст на релации меѓу одредени политички лидери, за да си воспостават некои други односи во тие раководни места во синдикалната организација. Тоа е очигледно.

Образованието од 2000-та година, па наваму е соочено со штрајкови и протести по училиштата. Одделно и поради проблеми од етничка природа. Постои ли начин за да не се повторат во иднина ваквите појави?

Па, и тоа што до сега правевме е во склоп на тој пристап и на таа стратегија којашто во едно пост конфликтно општество, претендира постојните проблеми и новите проблеми што ќе се јават да ги решава со меѓусебно разбирање и без употреба на сила, што беше пример порано и во образованието. Тие проблеми кога така се решаваат очигледно дека траат малку подолго, ама се решаваат, да кажам, поблагопријатно. Со таквата политика ние ќе продолжиме, а очекуваме дека се помали ќе бидат можностите во образованието да се јавуваат тензии, над кои да се надоградат некои друго квази политички опции.

Прашањето „Аресениј Јовков“ како да не е затворено. Повторно некако се актуелизира. Беа префрлени три паралелки на албански јазик таму, имаше протести, прекин на наставата и таму, па продолжи наставата, сега има најава за префрлање на уште три нови паралелки таму?

Не, решението првобитно беше, така срочено дека во „Арсениј Јовков“ во своето матично училиште од 8-ми септември ќе се префрлат првата и втората година. Првата година, првото полугодие, и втората година во текот на годината. И мислам дека таму се направени услови, според информациите што ги имам јас и на писмено од страна на училишните авторитети дека училниците се празни коишто ги чекаат тие ученици и со тоа нема да се поремети воопшто наставата на другите и мислам дека тоа треба да се реализира. Тоа ќе биде добро за сите во тоа училиште, на некој начин да се учи заедно и да се чувствуваат исто така безбедно и весело и се надевам среќно, кога би учеле заедно и тоа би била целта на спојувањето на училиштата. А, не повикување од разни политички опции, партии и групации коишто очигледно дека сакаат да се служат со секоја можна варијанта, значи да се служат со такви нешта коишто се навистина штетни за образованието во целина.

Одлуката треба да се реализира со почетокот на второто полугодие. Се надевате ли дека нема да се соочите со истите проблеми кои на почетокот ги имаше од учебната година. Координативното тело на родителите најавува повторен бојкот на наставата?

Координативното тело веќе се сложи и е во фаза на реализација на овој проект. Само така наречените, самопрогласени координативни тела, тие прават некои проблеми, ама мислам дека и тоа ќе се надмине.

Остри реакции предизвика вашата одлука на почетокот од учебната година за отворање албанска паралелка во Битола. Некои велат дека таа продолжува да работи нелегално. Што е вистината?

Не, јас немам такви информации. Нема потреба ниту една паралелка во Македонија, во основно и средно, тоа што е со закон гарантирано, да работи илегално. Кога го дадов решението за основање на таа паралелка сигурно се заснова врз уставот и законот и врз желбата на родителите искажана уште од март. Знаејќи, некои прилики пробуваме тоа да го направиме на побезболен начин, неочекувајќи таа реакција која што настана. Јас жалам за таа реакција, којашто е надвор од секое демократско и хумано и цивилизациско однесување, за коишто одговорност треба да сносат тие што поттикнуваа такво нешто, ама мислам дека кога проблемот ги надмина образованите димензии. Кога тој ризикуваше да настане нешто друго, од она што беше првично предвидено, сигурно дека јас ја замрзнав таа одлука, затоа што не сакав да бидам причина, за отворање на една паралелка да имаме евентуални жртви и други проблеми за коишто јас не сум спремен да на тој начин работам и затоа ја замрзанав, па ќе видиме натаму како ќе одат работите.

Значи, владата останува на ставот кога ќе се создадат услови, сепак таа паралелка во Битола да се отвори?

Јас немам ниту една законска причина да не биде така. Над тоа има политика којашто мора да биде во функција на стабилност на земјата.

Беше донесен законот за легализација на тетовскиот универзитет. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ побара од Трајковски да не го потпише указот за негово легализирање. Очекувате дека ќе го потпише?

Мислам дека претседателот како демократски определен човек, не може да ја сведе својата определба врз база на волјата на една партија затоа што нема никаква основа за тоа. Од законски и морален аспект, законот е во ред. Од друга страна, поддршката ги надмина тие димензии од тоа што значи поддршка на коалицијата. Значи, доби еден поширок консензус. Законот е за граѓани на оваа земја, чијшто претседател е и тој и на тие граѓани. Ничие друго право не е повредено со реализацијата на тоа право, има меѓународна поддршка. И во натамоѓната постапка ќе биде реализиран во согласност со законот за високо образование, како отворен универзитет за сите граѓани на Република Македонија.

Зошто постојано се говори за тоа дека станува збор за легализирање на универзитет на албански јазик, кога такво нешто не стои во законот за основање на трет државен универзитет, господине Положани?

Основачкиот акт се повкукува на основачите кои ја осниваат таа институција, а статутот одредува на кој јазик ќе се учи во таа установа. И секако дека може да се учи и на јазик различен од македонскиот и ќе се финансира тој што е повеќе од 20 насто од населението. И со тоа се отвори можноста, законски да се основа факултет каде што и албанскиот јазик ќе биде наставен јазик. А, тоа не значи дека македонскиот не ќе биде. И од тој аспект не треба никаков страв, универзитетот е отворен за сите граѓани на Република Македонија.

Со легализирањето на Тетовскиот универзитет, ќе останат ли квотите за прием на студенти од другите етнички заедници во другите универзитети во Македонија?

Квотите се предмет на законско решение коишто важат за сите јавни институции во Република Македонија. Вклучително и Тетовскиот универзитет, значи и таму важат.

Има ли простор, освен петте факултети коишто се предвидени да функционираат во склоп на Тетовскиот универзитет, во иднина да бидат легализирани и други факултети, бидејќи, таму знаеме дека функционираа и повеќе, додека беше нелегален?

Пет факултети коишто сега се предвидени имаат 15 студиски програми што во себе вклопуваат осум сегашни факултети таму во Тетово и две што воопшто не постојат. А, не медицинскиот факултет, затоа што не ги исполнува условите. Дали ќе се отворат други факултети ќе зависи од условите, а дали државата ќе ги финансира така основаните факултети, коишто ги исполнуваат условите, во склоп на својот итнерес, за искажување јавен интерес кон нив, тоа е друго прашање.
XS
SM
MD
LG