Два дена пред да го објави предлог буџетот, американскиот претседател Џорџ Буш беше недвосмислен дека безбедноста е приоритет што се одрази во зголемување на процентите во корист на одбраната на земјата. Тоа, како и континуираната кампања во војната против тероризмот, Ирак, Авганистан, и дефицитот во буџетот кој за годинава се очекува да биде околу 500 милијарди долари, се основните причини за 13 процентното намалување на средствата предвидени за странска помош. Меѓутоа, кога станува збор особено за помошта за Источна Европа и бившиот Советски Сојуз, тешко е да се детерминира колку таа ке изнесува. Имено 80 милиони долари се предвидени за грантови за развој на демократијата за региони како Африка, Азија, источна Европа и поранешните советски републики. Без спецификација остануваа и 3545 милиони за образовна и културна размена. Според Томас Каротерс ко директор на Проектот за демократија и право на Карнеги од Вашингтон, немањето спецификација за Бушовата администрација значи флексибилност при донесувањето суштински одлуки.
„Многу од одлуките ке бидат донесени подоцна за регионите. На приметр доколку земјите кои добиваат пари, како Пакистан и Узбекистан, прават добро тогаш тие влегуваат во регуларниот процес.“
Според Џон Хулсман од Хертитаџ фондацијата, има две причини зошто не се објавуваат спецификите за странската помош предвидена во американскиот предлог буџет. Првата е да се одбегне политичкиот ризик да се објават трошоците кои подоцна би биле не адекватни а втората е ставење повеќе акцент врз наградувањето на сојузниците, награда за компаниите кои ке помогнат во обновата на Ирак или за профит за земјите кои дозволија стационирање американски сили на нивна територија.
„Тие исто така им служат на американските дипломатски цели, како морковот и стапот. Ние се обидуваме да ги разделиме патиштата воп војната против теророт, односно земјите кои помагаат да имаат бенефиции од тоа, а земјите кои не ни помагаат да видат дека поради тоа губат бенефиции. Ако тоа не го правиме никој нема да го подметне вратот, да ризикува. Ако не ги наградите пријателите, нема да ги потикнете луѓето да ве подржуваат во светот.“
смета Џон Хулсман од Херитаџ Фондацијата.