Достапни линкови

Медиумска топ тема, без судски завршници


Објавувањето корупциски афери во земјава станаа секојдневиие во животот на македонската јавност. Опозицијата ја обвинува власта и обратно. Но, ниту една од досега објавените афери не ја дочека својата завршница. Сето тоа се должни на неажурноста на судството во Македонија, вели Џевдет Хајредини поранешен министер за финансии и претседател на Здружението на невладините организации „Македонија без корупција“.

„Валкавата атмосфера е можна затоа што имаме крајно неефикасно и корумпирано судство и сите случаи кои медиумите ги презентираа пред јавноста, со непобитни докази, не успеваат да се пробијат во судството и да добијат епилог. И во ова вртење во круг се подразбира дека и партиите во опозицијата и тие на власт се во борба да се компромитираат меѓу себе.“

Големото значење кое им се дава на ваквите афери како што вели Хајредини се должи и на тешката соцјална состојба која владе во земјата, но и:

„Медиумите поттикнати од партиските централи, таа тема и најинтересна за тиражите на весниците итн. Оттаму тоа е на прво место.“

Јован трпеновски претседател на државната анти корупциска Комисија вели ние не правиме никаква селективност на корупциските афери:

„Не би можел да прифатам дека ние имаме селективен однос по однос на припадност на политичка партија затоа што ние ниту сме членови на политичка партија, ниту сме формирани како партиско тело, туку сме формирани од страна на Собранието, а со посебно донесениот Закон за спречување на корупцијата.“

Ова комисија веќе ги припбира доказите за наводната афера, шверц со нафта и спорните набавки во Здравствените институции, информира Трпеновски:

„Мислам дека би било неодговорно, па дури и несериозно, за така сериозни работи ние избрзано да постапуваме.“

Џевдет Хајредини пак се прашува дали само членовите на македонските политички партии се корумпирани и зошто досега не е покренета постапка против одделни членови на албанските политички партии кои партиципирале во извршната власт:

„Тоа за жал разочарува и зборува многу лошо за нас Албанците, затоа што носители на корупција и нашите функционери Албанци секогаш имало. И странските претставници често пати сум имал прилика да контактирам и да ме прашуваат, не им е јасно зошто ние така пасивно се однесуваме кон носителите на оваа појава меѓу Албанците. Постои една криза на моралот кај одделни слоеви на населението, дека ако крадат Македонците, нека крадат и нашите…“
XS
SM
MD
LG