Достапни линкови

Очекувањта на Македонија за спектакуларни резултати до самитот на НАТО се нереални


Реформите во армијата што меѓу другото предвидуваат редукција на бројот на силите, намлување на бројот на генералите, рационализацијата на објектите што ги користи армијата претставуваат процес кој нужно мора да се спроведе со цел:

„Рационализација на нашата одбрана, адаптирање на новите услови, правење на поефикасна, меѓутоа и поефтина одбрана,“

оценува професор Билјана Ванковска од Институот за одбрана.

Но, таа укажува оти при спроведувањето на овие реформи нашата земја мора да биде реална, оти овие процеси се скапи и имаат своја социјална цена. Според професор Ванковска од друга страна:

„Нашите преголеми амбиции и желби, преку ноќ, или до до Истанбулскиот самит да направиме спектакулрани резултати, се нереални, затоа што немаме економска моќ тоа да го направиме. Точно знаеме, дека во моментов повеќе од 90 насто од буџетот на Република Македонија се троши на платите на вработените, што е сосема легитимно, тука не мислам дека има некои нереални очекувања за штрај итн, така што живееме навистина во контрадикторни услови, од една страна сами си наметнуваме рокови кои не сме способни да ги оствариме до истанбулскиот самит, меѓутоа од друга страна добро е да тргнеме по тој пат.“

А, во контекст на престојниот самит на НАТО во Истанбул до кој преостнуваат уште осум недели во Македонија денеска пристигнува екпертски тим на НАТО:

„Тие доаѓаат да ја посетат Македонија и министерството за одбрана. Тоа е начин на работа на НАТО за да го оцени прогресот на реформите во оваа област. Тие разговараат со луѓето од оваа област и се оценува што е направено. Од една страна тоа е вообичаена и не толку важна работа, но од друга има големо значење бидејќи се добива слика за тоа каде е земјата и што уште треба да се направи за приближување кон НАТО,“

изјави портпролот на НАТО во Македонија Крег Ретклиф.


Инаку оваа посета на тимот на НАТО при која ќе бидат тестирани реформите во армијата во јавноста кај нас се доведува во контест на тоа дали нашата земја ќе биде спомената во истанбулската деклрација. Во таа насока професор Ванковска пак вели:.

„Целата онаа помпа околу ставање на главниот акцент околу тоа дали ќе не споменат во истанбулската декларација или не е од помала важност. Битно е да знаеме дека модернизацијата на АРМ, професионализацијата се скапи процеси.“
XS
SM
MD
LG