Добро е што синдикатот со организирање штрајк застана зад вработените од образованието, науката и културата во борбата за исполнување на нивните права, но лошо е што многу порано истиот чекор требаше да го преземе и за вработените од фирмите загубари, обвинуваат веќе екс вработените од овие претпријатија:
„Прво, синдикатот требаше да го реализира штрајкот на загубарите, комплетно решавање на проблемот на загубарите, рестартирање на фабриките и донесување на законот на 25 години,“
вели Драги Димовски од скопски „Хемтекс“.
До сега ССМ не смогна сили со организирање штрајк да застане зад вработените во фирмите загубари, кои не бараат покачување на хранарината, туку обезбедување средства за основна егзистенција:
„Мораме да го потсетиме господинот Цветановски, кога претставниците на загубарите бараа поддршка од сите гранкови синдикати, за генерален штрајк лани, тој истиот не сакаше да се приклучи, како што не сакаа да се приклучат и претставниците од МВР и одбраната,“
вели Доне Димовски од штипска „Македонка“.
Тоа што загубарите не организираат штрајк не значи дека имаат помали проблеми од вработените во администрацијата. Проблемот е во парите:
„Ние не располагаме со парични средства и ни е многу тешко да организираме таков штрајк.“
А, ситуацијата со овие вработени е многу полоша со административците, се работи за бројка од 40 илјади, чија судбина е неизвесна.
Како единствен начин вработените да ги добијат своите права, без разлика дали доаѓаат од стопанството или нестопанството, Димовски го наведува:
„Без генерален штрајк, не може да се избориме за нашите права.“
Во меѓувреме процесот на решавање на фирмите загубари продолжува:
„Фабриките се продаваат за магацински простори и никој не се враќа на работа.“
А, се ќе беше поинаку доколку се започнеше со решавање на проблемите со еден поинаков редослед:
„Да се почнеше со активирање на фирмите загубари и преку работење на тие фирми да се полни буџетот на државата, со тоа сигурно ќе се подобреа и условите за вработените во образование, управа и буџетските установи,“
гласно размислуваат најзасегнатите, оние за кои хранарината и месечниот надоместок за транспорт претставуваат само мисловна именка.