На вториот ден од штрајкот на вработените во образованието, културата и науката вработените се во своите канцеларии и не работат, додека во градинките персоналот изутринава постапува според инструкциите на миистерот за труд и социјална политика Јован Манасиевски, кој вчера им порача да обезбедат услови за работа. Родителите што поради работните обврски немаат алтернативен избор ги однесоа децата во предшколсите установи, каде тие, иако присутни во помал број се прифаќаат на згрижување:
„Го однесов, го прифатија, бидејќи примаат само самохрани мајки и деца кои нема кој да ги чува.“
Препораката според која градинките по еднодневниот штрајк треба да почнат да работат, министерот Манасиевски ја образложи како обврска што произлегува од Законот за штрајк:
„Министерството за труд и социјална политика врши притисоци во градинките и јавно кршење на Законот за штрајк и правото за штрајк и повторно јавен притисок врз синдикатот за време на штрајк,“
коментираше пак, Дојчин Цветановски.
Во меѓувреме, зимскиот распуст во основните и средните училишта продолжува на неодреден период. Според синдикатот, тој ќе зависи од резултатот што ќе биде постигнат на преговорите со владата, кои иако беа предвидени за денеска, нема да бидат одржани. Цветановски, таквата своја одлука ја образложи со следнава аргументација:
„Денеска сигурно дека нема да може да има преговори. Дали треба да бидам еден час пред преговорите да бидам поканет на преговори. И јас сигурно имам обврски што сум ги планирал и не можам да ги одложам за денеска.“
Министерот Манасиевски кој ја предводи работната група, вчера повика на компромис. Тој прецизираше дека барањата за утврдување најниска плата и за потпишување колективни договори ќе бидат исполнети. Додека, барањето за исплата на К-15 и зголемување на износот за хранарина е неприфатливо, бидејќи како што рече:
„Причината, едноставно, не е никакво терање инает, туку буџетските ограничувања и оттаму очекуваме синдикатот и вработените со синдикатот да се сообразат со целата ситуација и во своите барања да бидат поскромни.“
Поради неизвесноста од договорот што синдикатот и владата би можеле да го постигнат, од што пак е условен прекинот на штрајкот, учениците кои денеска не отидоа на настава велат:
„Убаво ми е да седам дома, ама после кога ќе помислам дека треба да одам во саботите, не ми е толку убаво. Јас не сакам кога учиме за викенд, зашто сакам тогаш да бидам со моите родители.“