Достапни линкови

Спроведувањето на Рамковниот договор, назначувањето нов специјален претставник на ЕУ и „Проксима“


Спроведувањето на рамковниот договор, назначување, нов специјален претставник на Европската Унија во Македонија и функционирањето на полициската мисија „Проксима“ се меѓу темите за кои денеска расправаат министрите за надворешни работи на Европската Унија на редовната сесија во Брисел. Според очекувањата министрите на Унијата уште еднаш ќе ја потенцираат потребата од спровбедување на усвоените промени, со посебен акцент на децентрализацијата чиј што нормативен дел требаше да биде завршен до крајот на минатата година.

„Од наша перспектива Охридскиот договор напредува иако во одредени сегменти тоа би требало да оди побрзо“

вели портпаролот на Европската унија во македонија Шина Томпсон. Клучна забелешка која во таа смисла и се упатува на Македонија е доцнењето на пакетот закони за децентрализација.

„Сите закони кои произлегуваат од Рамковниот договор, а кои не се поврзани со процесот на децентрализација се веќе донесени.“

рече Во експозето пред собранието во ноември премиерот Црвенковски . Иако најавена за крајот на минатата година тајмингот за собраниската процедура за трите закони сега е поместена за почетокот на март:

„Владата со предлог на закон би излегла некаде на почетокот на месец март.“

оценува ресорниот министер Александар Гештаковски. Но, рамковниот договор и неговото спроведување не е само децентрализацијата, оценува еден од потписниците на Охридскиот договор, лидерот на ДПА Арбен Џафери. Тој посочува на бавното имплементирање и опструкции во спроведувањето на обврските околу употребата на службениот јазик и правичната застапеност

„Оптимистичките податоци и информации што се пласираат во врска со ова се во функција на манипулација со јавноста,“

вели Џафери.

Наспроти тенденцијата спроведувањето на рамковниот договор да биде употребен во политички пресметки

„За жал се продолжува со дневно-политичките игри и на тоа се гледа во црно-бела техника дека се спроведува во забрзано темпо и дека воопшто не се спроведува рамковниот договор,“

вели советникот за надворешна политика во кабинетот на претседателот Трајковски Мерсел Биљали. Тој оценува и дека состанокот во Брисел и пораката може да се толкува и како едно објективно проценување на сработеното, но и на она што треба да се направи.
XS
SM
MD
LG