Состојбата на Западен Балкан е далеку подобра од деведесетите години на минатиот век, проценува за Радио Слободна Европа Мартин Шлезингер експерт на Институтот Вудроу Вилсон од Вашингтон. Според него и не е толку важно кога регионот ќе влезе во евро-атланските ионтеграции колку што е важен фактот дека ова прашање е на дневен ред меѓу тамошните раководни структури.Во врска со прашањето за можно намалување на американското присуство во Југоситочна Европа со оглед на ангажманот во дугите делови на светот Мартин Шлезингер вели.
„Се надевам дека нема да се намали американкиот ангажман во регионот, но се плашам дека е тоа можно, бидејки оваа администрација бележи успеси на Блискиот Исток постои опасност сосема да го изгуби интересот за Балканот. Сметам дека тоа би било опасно и кратковидо во политички поглед за Соединетите Држави, бидејки и покрај нашиот ангажман на една или друга страна мнозинството од населението посебно во Босна и на Косово го сака нашето опстојување.“
Шлезингер вели дека и онака америакнското воено присуство на Балканот е симболично. Станува збор за околу 5 илјади војници и тоа не се мисии кои значително би влијаеле на задачите во Авганистан или Ирак, а целосно повлекување, според него би било лажно штедење. Експертот за Југоисточна Европа од Вудроу Вилсон Институтот токму затоа заклучува.
„Балканскиот регион не е светско прашање во моментов, но и натаму е значајно. Бидејки НАТО се шири и ги прима во свое членство Бугарија и Романија нам не ни треба црна дупка на просторот на бивша Југославија. Тоа не е добро ниту за тој регион, нитуа за темелните интереси на Соединетите Држави.“