Достапни линкови

Новата територијална поделба предмет на внатрешното законодавство


До сега во земјава за предлог законот за територијална организација се одржани 24 референдуми, а најавени се уште шест. На сите нив е искажано несогласувње на граѓаните со понуденото законско решение. Референдумите за законот за територијална организација, како дел од пакетот за децентрализација се дел на демократските процеси, а нивното прифаќање и одлуката за нив е предмет на внатрешното законодавство, а не не меѓунардоните организации. Ова е ставот на претставниците на меѓународните организации во земјава сумиран преку изјавата на постојаниот експерт на Советот на Европа во Скопје Овен Мастерс. Текот на јавната расправа за законите од страна на меѓународните претставници е оценет како транспарентен, вели министерот за локална самоуправа Александар Гештаковски:

„И тие препорачуваат овој процес да биде во интерес на граѓаните,“

потенцира Гештаковски.

А, владата, тврди Гештаковски ќе ги земе предвид сите резултати од референдумите изкажани за законот за територијална организација:

„Владата со целосна одговорност ќе ги анализира сите забелешки и мислења и врз основа на сите забелешки и мислења, тргнувајќи од тоа да створи локална самоуправа во интерес на граѓаните ќе ги разгледа по одреден дел кој се содржани, почитувајќи ги делот на мислењата и желбите на граѓаните, но и да се почитуваат условите кои се предвидени за реална, конструктивна локална самоуправа во интерес на граѓаните.“

Во таа насока е и најавената тркалезна маса, што министерството во соработка со Советот на Европа ќе ја организира на почетокот на февруари, на која ќе учествуваат и претставници на ЗЕЛС, граѓанските организации и политичките партии. Врз основа на сите сознанија и аргументи владата ќе го формулира тексотот на предлог законите:

„Владата ќе излезе со предлог – закон пред пратениците врз основа на целосна анализа за она што е прифатливо, а доколку одредени барања не може да бидат прифатени, ќе биде искоментирано од кои причини не може да бидат прифатени.“

Немешајќи се во начинот на дизајнирањето на законите, ЕУ преку портаролот Шина Томсон потсетува:

„Овие закони клучни за децебтрализацијата се предуслов за европската интеграција на земјата.“
XS
SM
MD
LG