Достапни линкови

Во иднина едно од делувањата на јавното обвинителство


Борбата против организираниот криминал и корупцијата, која е еден од приоритетите во работењето на македонската влада, во иднина ќе биде и едно од делувањата на Јавните обвинители. Имено, во собраниска процедура веќе се наога нов закон за јавното обвинителство, кој предвидува формирање на посебно одделение кое ќе се занимава исклучиво со сузбивањето на овој вид криминал во земјава. Се предвидува во спезијализираното одделение, да учествуваат околу 7 членови:

„Ова одделение ќе функционира во рамките на јавното обвинителство на Република Македонија и ќе делува на секторите на цела Република Македонија. Се вклучуваме во она што значи активност, на европски план, да не речам пошироко,“

вели заменик јавниот обвинтел Коста Петровски.

Законот нуди ингеренции кои на членовите на одделението им го овозможуваат правото да побараат да им бидат ставени на располагање повеќе полицајци заради ефикасност во борбата против организираниот криминал. А одделението ќе го има и ,,главниот збор“ и во одредени случаи ке ја насочува работата на полицијата при гонењето на сторителите на вакви дела:

„Нема гонење на организиран криминал, ако од почеток нема добра работа и соработка со МВР. Така што, овој тим што ќе биде кај нас непосредно ќе соработува со МВР, односно со специјализираните тела во ова министерство, току во фазата на откривање. Соработката ќе биде многу непосредна, и овие две функции ќе делуваат заеднички,“

потенцира Петровски.

Според предлагачот на Законот, министерството за правда, потребно е да му се посвети внимание на ова специјализирано одделение, бидејќи реална ефикасност против ова зло, сеуште нема.Инаку Македонија е една од последните земји која ја нема ратификувано Палермо конвенцијата, и која за разлика од останатите земји во Европа досега немаше формирано вакво специјализирано одделение.
XS
SM
MD
LG