Достапни линкови

Најновите случувања меѓу МПЦ и СПЦ влијаат и меѓу односите меѓу двете држави


Нарушените односи меѓу МПЦ и СПЦ веќе имаат влијание и врз односите меѓу двете држави, оценува професорот по историја Јован Донев:

„Фактот што премиерот на Република Македонија и министерот за надворешни работи кажаа дека не треба да влијае, јасно покажува дека тоа влијае на односите меѓу двете земји. Тоа се гледа, не треба некои посебни анализи за да се открие. Само затоа што со тоа што се случува во црквата меѓу граѓаните на Република Македонија се гледа како една стара 19 вековна националистичка политика на српската држава.“

Во тој контекст, во демонстрација на поддршка на владата на МПЦ, премиерот Бранко Црвенковски за телевизијата А1 изјави:

„Сосема е јасна која е интенцијата и кои се скриените обиди на СПЦ. Тука би требало максимално да се остане на позициите дека не треба овој спор или отвореното прашање меѓу црквите да се трансформира и во некој спор и проблематизирање на односите меѓу двете држави.“

Во надминување на отвореното прашање, професорот Донев потенцира дека во Србија треба да преовладаат прогресивните сили, што ќе се спротистават, на како што вели, старата национал-шовинистичка политика што сега се демонстрира. Но, во исто време тој согледува дека се потребни реформи внатре во МПЦ:

„Црквата таква каква што е, не само што генерира внатрешни проблеми, туку и ги заострува. Затоа што, ако сите внатре во црквата се задоволни, не може да се случуваат вакви испади, какви што се случија. Црквата не може да го игнорира тоа. Не може да се игнорираат случувањата, зашто тоа само ќе ја ослабува позицијата на црквата, ќе го шири јазот и ќе се случуваат уште поголеми внатрешни судири. Треба да и се укаже, дека ваква каква што е, црквата може да генерира нестабилност за Македонија.“
XS
SM
MD
LG