Достапни линкови

НАТО мисијата во Скопје со нов командант и нови приоритети


Со Денешната церемонија на трасфер на командата се одбележа почетокот на една нова етапа во присуството на НАТО во Македонија кое се означува со терминот минимално. Основната причина за ова се оценките дека земјава е стабилизирана и македонските безбедносни сили се способни да се соочат со предизвиците. Кога ја презедов командата со силите на НАТО пред десет месеци реков:

„Македонија има иднина, а ние сме тука да помогнеме.“

сега можат да кажам:

„Дека Македонија ќе стане земја за која сите сонуваме.“

Порача досегашниот командант на силите на НАТО во земјава генерал Алварез дел Манзано предавајќи му ја раководната функција со силите на Алијасата на генерал Дениз Близ. Освен што ќе раководи со штабот на НАТО Близ ја презема и командата со советодавниот тим фокусиран на рефомите во македонската одбрана што досега беше под раководство на генерал Џејм Бакстер:

„Верувам дека спојувањето на овие две функции не само што представува потврда на подобрената безбедносна ситуација во поселдните две и пол години туку јго потвдува и подобрувањето на односите меѓу вашата земја и НАТО на патот кон евроатланската интеграција и се надевам идното полноправно членство,“

изјави на церемонијата на трансферот на командата генерал Близ. Потврда за забрувањето на рефомрите во одбраната даде и командантотн на јужното крило на НАТО адмирал Греогори Џонсон. Според Џонсон токму намалувањето на бројот на НАТО војниците во земјава и сведувањето на нивното присутво на минимум со акцент на советодавната улога во реформите е потврда на постигнатиот напредок. Но, доколку се сакаат спектакуларни резултати до самитот на НАТО во Истанбул рече НАТО амбасадорот Бигман тогаш стратегискиот одбрамбен преглед треба да биде усвоен во собранието.
XS
SM
MD
LG